Сре07082020

Последна промена01:41:43 PM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Студиски престој на средношколците од економско училиште во Хрватска

Студиски престој на средношколците од економско училиште во Хрватска

Сподели

Со цел практично запознавање на учениците со работењето на успешните компании, а во корелација со наставната програма и тематските содржини по предметот Практична настава, како и предметите Бизнис, Менаџмент и Економија, во наредниот период ќе се реализира научно-едукативна посета на Р.Хрватска.

 

Kонкретно на реномираните европски и светски компании – КРАШ од Загреб и ВИНДИЈА од Вараждин, Р.Хрватска. Компанијата КРАШ произведува кондиторски производи (познатите чоколади, вафли и др.), а компанијата ВИНДИЈА млечни производи.

Оваа посета се организира под менторство на Горан Попоски,  професор по економска група на предмети, и со огромна поддршка на в.д. директорката Вера Јовческа. Ваквите проекти кои овозможуваат практично запознавање на учениците со бизнисот и менаџирањето , секогаш се поддржани од локалната самоуправа.

Оваа посета на Р.Хрватска, градовите Загреб и Вараждин ќе биде искористена и за посета и разгледување на културно-историските споменици од поблиското и подалечно културно-историско наследство на Хрватска, како и природни богатства-предели и реткости, особености на стопанството, уникатни културни настани карактеристични за градовите- општинитe, информираат од училиштето. 

Ваквите студиски престои учениците дополнително ги подготвуваат да бидат што поконкурентни на идниот пазар на труд.

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK