Сре07082020

Последна промена12:10:15 PM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Светски познатиот ланец “Small Luxury hotels” доаѓа во Охрид

Светски познатиот ланец “Small Luxury hotels” доаѓа во Охрид

Сподели

Брендот “Small Luxury hotels” доаѓа во Охрид. Станува збор за светски ланец од 520 хотели кој го има  во преку 70 земји на сите континенти во светот.

 Изградбата на современиот  хотел во Охрид на една од најатрактивните  локации на брегот на езерото,  веднаш до Инекс Горица, започнува за еден месец. На 7000 метри квадратни хотелот ќе има 50 соби, 120 легла а ќе чини 12 милиони евра. Инвеститор е ”Develoop Groop”.

- Тоа ќе биде значајно и за идните настани кои што ќе се организираат во Охрид во делот на конгресниот туризам , семинари, културно уметнички настани, спортски манифестации од висок ранг за кои што е неопходно да поседувате еден хотел од висока категорија ,изјави Никола Бакрачески градоначалник на Охрид.

Општината  има определено десетина атрактивни локации на брегот на Охридското езеро за изградба на хотели за кои веќе  има интерес од повеќе  инвеститори.

- Веќе има најави и од домашни и од странски инвеститори за градење на хотели на охридското крајбрежје. Ќе кажам дека за нас е многу важно да градиме не било какви хотели туку хотели од висока категорија затоа што странците тоа го бараат и го очекуваат од нас, додава Бакрачески.

Конечно Охрид  ќе добие хотел со современ дизајн,архитектура   и беспрекорна  услуга,  кој ќе ги задоволи вкусовите на најпребирливите гости. Современите хотелски капацитети  ќе овозможат равој на елитен туризам но и  голем број вработувања.

Новинар Соња Рилковска

Канал 5 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK