Сре07082020

Последна промена12:10:15 PM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Локалната самоуправа ќе инвестира во развојот на основните и средните училишта

Локалната самоуправа ќе инвестира во развојот на основните и средните училишта

Сподели

Градоначалникот Никола Бакрачески денеска имaше редовна средба со директорите на основните и средните училишта. Директорите на училиштата го информираа за тековните состојби во одвивањето на наставно- образовниот процес и за планираните идни активности.

На средбата беше договорено да се интензивираат планираните проекти кои треба да завршат до крајот на оваа учебна година, за да може покрупните зафати да се одвиваат за време на летниот распуст.

Посебно беше потенцирано дека Локалната самоуправа ќе инвестира и ќе го помога развојот на основните и средните училишта. Потврда на ваквата определба е дека во 2013 година за разни зафати до основните училишта се трансферирани 22,940,774.00 денари, а само за два месеци од оваа година 524,900.00 денари. Во средните училишта во тек на 2013 година за подобрување на условите за одвивање на воспитно образовниот процес трансферирани се 9,619,266.00 денари. Локалната самоуправа, како што беше потенцирано на средбата, во наредниот период уште поинтензивно ќе ги поддржува проектите на основните и средните училишта.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK