Сре07082020

Последна промена01:41:43 PM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Читачки караван во ОУ “Григор Прличев”

Читачки караван во ОУ “Григор Прличев”

Сподели

Во ОУ „ Григор Прличев“ -Охрид , тимот на Проектот на УСАИД „ Со читање до лидерство“ заедно со актерите Јулијана Стефанова и Петар Горко го посетија училиштето како дел од Читачкиот каравани одржаа заеднички активности со најмладите ученици под наслов Читањето и математиката се забавни.

 

Читачкиот караван и Читањето и математиката се забавни се дел од активностите кои Проектот на УСАИД „ Со читање до лидерство“ започна да ги спроведува  во одбрани основни училишта со цел да претстави забавен начин на изучување на македонскиот јазик и математика, да ги вклучи семејствата на учениците и целата заедница за да се изгради култура на читање и да се подигне свеста на јавноста за важноста на описменувањето.

Овој проект го спроведува Фондацијата за образовни и културни иницијативи „ Чекор по чекор“ -Македонија во соработка со Бирото за развој на образованието и Државниот испитен центар, информираат од ОУ “Григор Прличев“.

Атмосферата во училницата каде се спроведе оваа иницијатива беше одлична. Учениците со голема радост и интерес уживаа. Вклучени беа и родителите кои на овој начин директно беа сведоци на важноста на читањето и математиката за развојот на нивните деца. Тие увидоа колку е важна и атмосферата и начинот на кој им се презентираат информациите на учениците. Техниките кои се демонстрираа беа забавни, интересни за сите кои беа присутни. Вниманието со кое учениците ја следеа оваа активност беше на високо ниво и кај нив поттикна ентузијазам и желба да читаат и пишуваат со љубов.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK