Нед09202020

Последна промена10:43:08 AM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Николоски: Во недела граѓаните масовно да гласаат за ВМРО ДПМНЕ

Николоски: Во недела граѓаните масовно да гласаат за ВМРО ДПМНЕ

Сподели

На ова завршна конференција првенствено сакаме да изразиме благодарност  до сите граѓани кои излегоа на гласање во првиот круг за претседателските избори. Првиот груг на избори помина најрегуларно без никаков инцидент. Тоа беше изборен круг во кој ВМРО ДПМНЕ имаше огромна разлика наспроти своите политички опоненти.

 

- Во името на кандидатите за пратеници и изборниот штаб  би сакал да ги повикам граѓаните што помасовно д излезат и на 27 Април и својот глас да го дадат за кандидатите на ВМРО ДПМНЕ, да гласаат за број 5 и носителот на листата Антонио Милошоски и за број 1 и Ѓорге Иванов за претседател на РМ, рече кандидатот за пратеник на ВМРО ДПМНЕ Александар Николоски.

Разликата е јасна и евидентна од една страна е ВМРО ДПМНЕ која што нуди јасен концепт со програма од 2046 проекти наречена “Проверено” затоа што се што досега ветувавме го остварувавме. Таа програма е направена за потребите на граѓаните. Од друга страна гледаме дека СДСМ се користи само со празни зборови и лажни ветувања, додаде Николоски.

- Она што сакаме да го предочиме на оваа прес конференција е дека во недела од страна на СДСМ можни се црни сценарија со кои би се нарушил изборниот процес. Намерата би била изборите да бидат прогласени за невалидини. СДСМ соочени со фактот за нивниот изборен пораз на престојните избори би можеле да направат одредени црни сценарија од типот снемување фломастери за обележување, масовно туркање на избирачки кутии , понатака фотокопирање на изборни ливчиња, лажни идентификации лични карти и слично, рече Николоски.

Исто така целта и на политичката партија ДУИ е да не успеат изборите, ВМРО ДПМНЕ да нема 62 пратеници  со цел Македонија да биде уценета.

Ги повикуваме граѓаните да не наседнуваат на ваквите сценарија и својата поддршка да ја дадат на ВМРО ДПМНЕ. Во недела да победи демократијата, да победи Охрид,  да победи Македонија! 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK