Нед09202020

Последна промена10:43:08 AM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Настоски: Храбро поддржете ја ГРОМ на овие избори

Настоски: Храбро поддржете ја ГРОМ на овие избори

Сподели

Јас сум  стар Охриѓанец и целиот мој живот не помислив да се одделам од  македонскиот Ерусалим и југозападниот дел од Македонија, рече носителот на листата на ИЕ 5 на ГРОМ.

 

- Моите сограѓани многу добро ме знаат и веќе во два наврати досега ја добивав нивната доверба и си помагаме и се почитуваме. Но еве сега, Граѓанската опција за Македонија ме донесе  пред еден пресврт во мојот живот. За прв пат излегувам надвор од мојот град  во поширокиот регион пред сите граѓани од 5-ката, од Битола-градот на конзулите, од Струга-градот на поезијата, од Кичево, од Ресен, од Дебар и од сите останати општини и заедно со моите соработници секојдневно работам да ја добијам и нивната доверба. Се решив на овој храбар потег затоа што ние од ГРОМ сме познати по храброста, по искреноста и по чистите намери.

Чест ми е и со полно срце се осмелувам да ве повикам да ја осознаете и препознаете и да се вклучите во оваа  голема граѓанска идеја и визија, која за прв пат во Македонија ја донесе ГРОМ.

Јас, како носител во Изборна единица 5, презедов обврска на граѓаните од овој регион да им бидам максимално достапен и отворен за соработка на секое поле кое предвидува просперитет и успех. Мојата блискост со граѓаните и секојдневната блиска и отворена комуникација со нив ми овозможија да ги спознаам и почувствувам проблемите на граѓаните од овој регион. Нашите заеднички маки се невработеноста, сиромаштијата.

Храброста, решителноста и истрајноста се нашето мото. Ние сме храбри и подготвени да го исполниме она што ќе го ветиме. А вашата храброст да го дадете вашиот глас за нас, нам ни дава уште поголем поттик да се бориме вашите идеи да станат реалност.

Ве повикувам на 27 април смело и без дилеми да излезете и да заокружите број осум за коалицијата ГРОМ, па заедно да отвориме нова страна во македонската политиката, додаде Настоски.

 

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK