Пет02212020

Последна промена08:10:55 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид СДСМ: Во недела имаме историска шанса да се определиме за промени

СДСМ: Во недела имаме историска шанса да се определиме за промени

Сподели

Изборната кампања стигна до својот крај - остана уште во недела масовно, гордо и достоинствено охриѓани да излезат на гласање и да го дадат својот глас за промените, за новниот почеток, за новите луѓе и за новите идеи, велат од О.О на СДСМ Охрид. 

Да гласаат за претседател каков што Македонија заслужува, да гласаат за враќање на средната класа, за враќање на слободата и демократијата, за враќање на нашата иднина. Да гласаат за Стево Пендаровски за претседател под реден број 3 и за листата за пратеници на СДСМ и коалиционите партнери под реден број 1. Со тоа ќе направат разлика - против заканите, уцените и притисоците, за напредокот, слободата и правдата. Само во една работа целосно се сложуваме со ДПМНЕ - во тоа што ИМА РАЗЛИКА. И шуќур што има разлика и фала Богу што има разлика, истакна Томислав Тунтев кандидат за пратеник на СДСМ. 

Има разлика во пристапот кон сопствените сограѓани, во начинот на комуникацијата со сопствениот народ. Вработените во државната и во јавната администрација, во локалната самоуправа, по јавните претпријатија и по државните институции, во изминатиот период константно беа заплашувани, уценувани и предупредувани да носат гласови за власта, доколку сакаат да ги задржат своите работни места и позиции. Директори на јавни претпријатија и раководители на сектори од општината, не само што се закануваа, уценуваа и вршеа секојдневни притисоци, туку и одеа по куќи и плаќаа пари за купување на гласови кај одредени социјално ранливи категории на граѓани и етнички групи. Раководните лица од ДПМНЕ во Охрид отворено на организирани собири им се закануваа на вработените во образованието и здравството во Охрид, а болниците, училиштата, јавните претпријатија и локалната самоуправа ги претворија во локални месни комитети за партиски, наместо за работни задачи. Директорите и советниците беа терани да клеветат, да лажат и да ја извртуваат вистината, само за да се обидат да ги оцрнат, дискредитираат и навредат кандидатите на политичките опоненти. Сопствените кандидати ДПМНЕ ги претстави како лидери во локалното здравство, како заслужни за некакви наводни успеси и потрошени големи народни пари, небаре болниците и другите здравствени установи се нивна приватна или партиска своина. Во изминатите месец првите луѓе во општината покажаа дека за време на изборна кампања знаат да работаат само за граѓаните од ДПМНЕ, а не за сите граѓани, иако не се работи за локални, туку за претседателски и парламентарни избори.

За да не се повтори првиот круг од претседателските избори, кога наместо слободно изразената волја на народот добивме резултати од купени, изнудени и фалсификувани гласови, во недела имаме историска шанса да се определиме за промени. Никој не може да види и да знае за кого сте гласале, никој нема да види и да знаае за кого ќе го дадете својот глас, па затоа во недела гласајте - не онака како што Ви вели, присилува и наредува власта, туку онака како што чувствувате во Вашата душа. Само слободно изразената волја на граѓаните може да ни донесе добро, прогрес и напредок на сите - и нам, и на нашите деца, додаде Тунтев.

 

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK