Пет09182020

Последна промена02:39:09 PM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Врнежите поволни за Охридското езеро

Врнежите поволни за Охридското езеро

Сподели

Врнежите кои последниве неколку недели во континуитет ја зафатија Република Македонија поволно влијаат врз хидролошката состојба на Охридското Езеро, како и на вештачките акумулации што се користат за производство на електрична енергија и не постои опасност од поплави, информираат од АД ЕЛЕМ.

Според ЕЛЕМ, Охридското Езеро во моментов е на кота 693,46 метри или на 29 сантиметри од максимално утврдената кота и во наредниот период не се очекува поголем пораст на неговото ниво. Според ЕЛЕМ, со оглед на сушната зима и отсуството на врнежи од дожд и снег, априлските дождови го подобрија водостојот на акумулациите и во нив има доволно простор за прифаќање на дотоците од новите врнежи. Во тој контекст, не постои каква била опасност од преливање на водите или од поплавување на земјиште во реоните околу вештачките езера.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK