Пет09182020

Последна промена03:03:40 PM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Охридскиот Ротари клуб ќе го доопремува детското одделение во Општата Болница

Охридскиот Ротари клуб ќе го доопремува детското одделение во Општата Болница

Сподели

На донаторска вечера, Ротари клубот од Охрид ќе собира средства за доопремување на детското одделение во Општата Болница односно за набавка на медицинска опрема за детското одделение при ЈЗУ Општа болница Охрид.

Вечерва во Хотел Гранит со почеток во 20,30 часот ќе се одржи годишната донаторска вечера на Ротари клуб Охрид. Собраните средства ќе одат директно во фондот кој е наменет за проектот набавка на медицинска опрема за детското одделение при ЈЗУ Општа болница Охрид. Проектот како “Global Grant” на Rotary International се реализира во соработка со група на клубови од Шведска,Италија и Србија наречена “Multi club workshop” и секако Ротари фондацијата на Rotary International. Ротари клуб Охрид заедно со меѓународните партнер клубови донираат околу 20 000 долари, на тој износ, фондовите од Шведскиот и Италијанскиот дистрикт додаваат по 10 000 долари, а од фондот на RI Foundation дополнителни 20 000 долари.

Со прибраните средства во износ од околу 60 000 долари ќе се купи најсовремена медицинска опрема со која ќе се задоволат моменталните потреби на детското одделение, 1.EHO with pediatric abdominal and pediatric cardiology probe. With 2D,Mode 2D Doppler,color Doppler,and abdominal and cardiology softver..... 1 парче

2.EKG-12 channel…………..1 перче

3.Microscope,optic, with objectives for immersion ……….1 парче

4.Infusion pump(for dosing application of the infuse therapy)….4

5.Spirometer,suitable for children,PC compatible………………..1

6.Pulsocsimeter,adaptable for infants and pediatric patient………..2

7.Oksigen concentrator…………………2 парчина

8.Otoscope…………………….1 парче

9. Pediatric patient monitor with accessories for ECG,NIBP....2

10. Потрошен матријал за наредните 2 години.

„Поговорката дека ‘Нема недостаток на пари туку има недостаток на добри идеи‘ се потврдила многу пати.Со добра идеја,квалитетно изработен проект согласно највисоките стандарди може многу да се постигне.Ова нека биде мотив за сите оние кои сакаат да направат нешто повеќе за својата заедница. Бидете и Вие дел од подржувачите на Ротари клубот Охрид и помогнете за подобро детство на најмилите,најсаканите и најранливите“, вели претседателор на Ротари Клубот од Охрид за 2013-2014 год, Соколовиќ Будимир.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK