Пет09182020

Последна промена03:03:40 PM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Чешка поддршка за филмскиот проект посветен на Светите Климент и Наум

Чешка поддршка за филмскиот проект посветен на Светите Климент и Наум

Сподели

Градоначалникот Никола Бакрачески во придружба на амбасадорот од  Македонија во Чешка , Паскал Стојчески, деновиве  го посети познатото продукциско   студио во Прага“ Threе Brothers“ и се запознаа со неговите капацитети и можности за снимање.  

Градоначалникот Бакрачески со  претставници од тамошната локална власт и со менаџерскиот тим на студиото имаше плодни разговори околу продукцијата и снимањето на филмот  посветен на  Светите Климент  и  Наум.  Доколку проектот добие  зелено светло од македонското Министерство за култура, продукцијата и снимањето ќе бидат во ова чешко студио а беше најавено и дека  локалната власт од Прага ќе даде сестрана помош и ќе се вклучи на секој можен  начин во реализација на филмскиот проект посветен  на Св. Наум и Св. Климент, следбениците на Кирил и  Методиј кои твореле на охридско тло.  

Инаку, првично во Чешка градоначалникот Бакрачески присуствуваше на 10-та Регионална  конференција на  Организацијата на градови со светско - историско наследство што од 29 април до 2 мај се одржуваше во градот Кутна Хора .

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK