Пет09182020

Последна промена03:03:40 PM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Ќе се обележи Денот на реката Дрим

Ќе се обележи Денот на реката Дрим

Сподели

Билатералниот Секретаријат за Охридско Езеро преставен во Дрим Кор групата и Еколошкото Друштво Грашница објавуваат дека во рамките на Дримскиот проект CORDA го организираат Денот на реката Дрим .

 

Денот на реката Дрим ќе биде настан организиран во ист ден 17.Мај сабота во Македонија ,Албанија, Црна Гора и Косово. Целта на настанот е да се зголеми сензибилизацијата на јавноста за вредностите и значењето на Дримскиот Басен и за управувањето со екосистемот на Дрим во трансграничен аспект. 

Денот на ДРИМ исто така преставува настан кој ќе ја зголеми прекуграничкната соработка во басенот и ќе отвори нови можност за проток на луѓе,добра ,информации и заеднички активности. 

Денот на Дрим како активност е дел од процесот за управување со Дримскиот Басен и е финансиски поддржан од Германското друштво за интернационална соработка ГИЗ. Настанот ќе опфати низа на активности кои ќе ја престават разноликоста во басенот .На македонска страна настанот ќе се одржи во Струга пред платото на Домот на Културата каде ќе се изведе официјалниот дел со почеток во 11:00 часот и ќе биде пропратен со низа активности низ градот со учество на голем број субјекти.

Воедно тоа ќе биде старт и на позначајни активности во рамките на прекуграничниот проект за управување со Дримскиот Басен наречен DRIN CORDA - координирана акција за одржлива иднина.

 

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK