Сре07082020

Последна промена03:26:43 PM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид СДСМ против одлуките на вчерашната седница на Совет

СДСМ против одлуките на вчерашната седница на Совет

Сподели

Нашата денешна реакција е по повод вчера одржаната 25 седница на Совет на општина Охрид, на која седница беа донесени одредени одлуки, од кои сметаме дека јавноста треба да го препознае неквалитетното, непринципиелното и лицемерното однесување на локалната власт, предводена од ДПМНЕ, обвинија денеска од ОО на СДСМ Охрид. 

 

Имено, донесувањето на одредени урбанистички планови, кои беа изработени од пред неколку години, а чувани во фиока само да се опструира претходната власт, а воедно и за кои урбанистички планови ДПМНЕ жестоко критикуваше, го покажува крајно непринципиелниот и лицемерен нивен однос кон граѓаните. За нив, додека беа во опозиција на локално ниво, урбанизацијата на град Охрид беше нецивилизациска активност, за да сега истите тие луѓе, кои беа најголеми критизери, дигаат два прста при донесувањето на истите тие планови. Прашуваме-Која е разликата меѓу новиот концепт за урбанизација кој што се предлага во општина Охрид во однос на стариот концепт кој беше доста критикуван? Зошто на таков краток период покажувате лицемерие и политички конвертизам, до кога ќе ги манипулирате граѓаните и само за остварување на целта-освојување на власт, ќе водите Гебелсова пропагандна кампања, чие главно обележје е искривување на вистината и нејзино прикажување во погрешен манипулаторски контекст.

Втората точка која сакаме да ја потенцираме е назначувањето на лица во Управни и Надзорни одбори на Јавните комунални претпријатија, и тоа конкретно од 10 назначени лица, 5 од нив биле претходно невработени, еден вработен кратко време во приватна фирма и еден волонтер во Фонд за здравство. Кое е нивното искуство во управување и надзор на Јавни претпријатија, каков ќе е нивниот придонес во тие претпријатија, до кога ќе ставате партиски послушници да раководат со претпријатијата кои се од витално значење за животот во општина Охрид.

Дефинитивно се потврдува заклучокот, кој што граѓаните го имаат веќе цела година, од самото превземање на локалната власт, дека во Охрид со вас ништо квалитетно нема да се случи, стои во писмената реакција на СДСМ Охрид. 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK