Сре07082020

Последна промена01:41:43 PM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Свечено отворена Интернационалната летна школа за архитектура и дизајн во Охрид

Свечено отворена Интернационалната летна школа за архитектура и дизајн во Охрид

Сподели

Синоќа во Центарот за култура Григор Прличев во Охрид свечено беше отворена Интернационална летна школа за архитектура и дизајн што веќе втора година се одржува во организација наУниверзитет Американ Колеџ Скопје - Факултет за Архитектура и Дизајн.

 

На свеченоста присуствуваа и Токиските архитекти, Јошихару Цукамотои Момојо Каиџима, основачи на едно од најиновативните архитектонски бироа во светот.
-Штотуку пристигнавме и немавме прилика да видиме многу од архитектурата во Охрид но ова што се случува тука со летната школа е прекрасна работа. Задоволство е да се биде тука. Веднаш ја прифативме поканата е еве не тука. Имавме прилика да го посетиме Скопје и беше многу интересен за нас. Тоа е еден нов град, интересна е сета таа промена, направена на многу интересен начин, рече Јошихару Цукамото.


Летната школа за архитектура и дизајн е проект во рамките на активностите на Охридско лето. Директорката на Фестивалот Елизабета Јанкуловска поздравувајќи ги архитектите учесници на Интернационална летна школа и студенти наУниверзитет Американ Колеџ Скопје се заблагодари за соработката и учеството на Охридско лето, фестивал кој од минатата година широко ги отвори вратите за креативните индустрии.
-Архитектурата како дел од Фестивалот предизвикувa огромен интерес и кај публиката и кај медиумите. Токму тие го препознаат квалитетот и значењето на овој седумдневен проект со кој започна реализацијата на идејата, Фестивалот Охридско лето да живее преку цела година односно да има активности и надвор од традиционалната уметничка рамка 12 јули – 20 август кога ни се случува магијата на музиката која плени и впечатокот кој се врежува со прекрасните изведби на театарските уметници, рече Јанкуловска. Таа ги запозна учесниците на Летната школа со историскиот развој на Охридско лето, неговото значење и улога во севкупниот развој на културното делување.


Овој седумдневен проект е со подршка на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј Охрид, Општина Охрид, и Министерството за клултура на РМ.
Директорката на Завод и Музеј, Тања Паскали Бунташеска рече дека реализацијата на Летната школаима за цел афирмација промоција и актуелизирање на креативните индустии во Македонија.
-Потребата од ваквото фокусирање произлегува од неопходноста за ставање на културата и идентитетскиот комплекс, градителското наследство и културното наследство како носечки проблеми низ кои во денешно време и услови треба и може да се промислува суштината на архитектонскиот и културниот идентитет, рече Паскали Бунташеска.
Според неа меѓусебното поврзување и заедничкиот настап на различни институции во овој проект преставува посебен квалитет.
На Летната Школа која ќе трае наредните седум дена ќе стане збор за Архитектурата која несомнено обезбедува заштита на организмите, но воопшто не постои потреба таа сама да претставува организам.
-Целта на оваа школа е афирмација и промоција на архитектурата и можноста за креативно изразување на идните архитекти. Истовремено, оваа школа им овозможува на студентите да ги унапредат професионалните знаења и способности за полесно да ги совладаат предизвиците од културната експанзија, вели продеканот Мишко Ралев еден од основачите на Факултетот за Архитектура и Дизајн.


Во рамките на Интернационалната летна школа за архитектура и дизајн во охридската гимназија „Св. Климент Охридски“ предвирени се повеќе активности. Светските експерти од областа на архитектурата ќе дебатираат на тема ,,Преобмислување на метаболизмот ,, .
Меѓу нив и познатите хрватски архитекти Винко Пенезиќи Крешимир Рогина.
-Нивните градски куќи, пропратени со вибрирачки, идиосинкретични форми се препознаваат по нивниот капацитет да ги примат променливите потреби на оние кои ги населуваат. Во Аtelier Bow-Wow постои посебен истражувачки оддел, кој до сега има објавено бројни расправи за вернакуларната архитектура. Тие исто така повеќе пати изложуваат на Венециското Биенале, велат од Факултетот за Архитектира и Дизајн- Скопје.
Метаболизмот е длабоко вкоренет не само во јапонската, туку и во во македонската архитектура, пред се преку Кензо Танге и неговиот конкурсен труд за обнова на главниот град Скопје по земјотресот на 26-ти Јули, 1963 година. Низ годините, градот Охрид се развивал според своите „метаболистички“ принципи. Идејата на оваа работилница е да се истражат токму тие принципи и да се откријат начини за нивно акцентирање, подобрување или менување за доброто на граѓаните и гостите на оваа прекрасна населба.

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK