Пет10222021

Последна промена06:47:18 PM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид СДСМ: Бакрачески наместо да решава создава проблеми

СДСМ: Бакрачески наместо да решава создава проблеми

Сподели

Исклучена е струјата во основното училиште Григор Прличев во Охрид.
Учениците држат настава само додека има дневна светлина и топлина, родителите и граѓаните збунето прашуваат што се случува?, велат од ОО на СДСМ Охрид.

- Според информациите доставени до нас причина е огромниот долг на училиштето од над 800 илјади денари или повеќе од 13 илјади евра!
Ова е последица на неодговорното однесување на Бакрачески и ВМРО-ДПМНЕ.
За контрадикторноста да биде поголема, со предвидениот ребаланс на буџетот на општина Охрид Бакрачески и ВМРО-ДПМНЕ ги кратат неопходните средства за комунални и режиски трошоци и тоа за 37% во основните и за 13% во средните училишта.
Не само училиштата туку и другите јавни објекти се соочуваат со истиот проблем.
Без струја остана и спортската сала Билјанини Извори по втор пат годинава.
ВМРО-ДПМНЕ и Никола Бакрачески наместо да ги решаваат проблемите на нас охриѓани тие ни создаваат нови.И додека во градот владее хаос, градоначалникот Бакрачески никаде го нема, обвинија од ОО на СДСМ Охрид.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK