Вто09172019

Последна промена04:32:25 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Манастирот „Свети Стефан“ ретка убавина

Манастирот „Свети Стефан“ ретка убавина

Сподели

Споменот на светиот архиѓакон и првомаченик Стефан, деновиве се славеше  во манастирската црква „Св.Стефан“.

По тој повод,  бројни православни христијани го одбележаа верскиот празник и запалија свеќи за здравје и среќа.

Свети Стефан е единствена црква посветена на овој светител во Македонија.

Свети Стефан е македонска пештерска црква која се наоѓа во под охридското село Шипокно, во ретко убв предел , веднаш над населбата Свети Стефан. Станува збор за мала пештерска црква која се наоѓа на 5 км јужно од Охрид. Потекнува од средината на IX век и по неа е наречен целиот овој туристички комплекс, кој е најголем на целата охридска ривиера.

Малечката полуоблесто соѕидана црква во шуплината на карпата, постоела и порано, но дури во времето на процутот на уметничката дејност во XV век добила фреско-живопис и тоа благодарение на помошта на широкиот круг ктитори од Охрид и од околината. На ова укажува натписот испишан во нишата на ѓакониконот од кој се дознава дека дарители биле граѓаните од Велики Варош т.е.од Охрид и луѓето од соседните села. Внатрешноста на пештерната црква е исликана со извонреден фреско-живопис, но тој е во голема мера оштетен. Во долната зона на апсидалниот простор е насликана света Богородица со малиот Христос пред себе. Од црковните архиереи-светители овде се насликани свети Василиј Велики, свети Јован Златоуст и свети Атанасиј Александриски. Извонреден е ликот на патронот кому му е посветена оваа пештерна црква. Архиѓаконот и првиот христијански маченик Стефан, е насликан во нишата на протезисот.


Сепак, она што посебно е карактеристично за пештерската црква посветена на Св. Стефан, е Божјото око. Тоа е редок симбол по кој е препознатлив овој охридски манастирски комплекс со импресивна местоположба и неповторлив живопис .

Пред три години, во манастирскиот комплекс беа осветени новите и современи конаци кои пружаат прекрасен поглед кон Охрид и Охридското Езеро. Конаците сместени во карпите и шумата нудат мирен престој на верниците, посетителите и туристите кои одмараат тука и остануваат во неповторливата природа и живописниот пејсаж.  Пред изградбата на конаците, обновена е надворешната фасада на пештерната црква а реновирана е камбанаријата.

ФОТОГРАФИИ

8

 

Божјото  око место под кое се замислува желба 

 

7

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK