Сре01272021

Последна промена05:17:29 PM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Груевски од Охрид: Народот е со нас! Ќе ве победиме! Ќе ве победиме така јако!

Груевски од Охрид: Народот е со нас! Ќе ве победиме! Ќе ве победиме така јако!

Сподели

Ако ве прашаат овие од СДСМ нешто за денешниот настан, кажете им:Дојде Никола Груевски во Охрид и ви порача, ќе ве победиме! Народот е со нас!

Ќе ве победиме! Ќе ве победиме така јако, што нема да сте свесни што ви се задесило! И кога победата ќе дојде, нека не се плашат, ние нема да се светиме, и не се закануваме, како тие што прават или како што многумина сакаат, туку ќе ве погледнеме во очи и ќе ви кажеме ова е наша заедничка држава и ние работиме за неа!

ВМРО-ДПМНЕ е вградено во темелите на оваа држава уште од своето основање и наша задача е да ја штитиме Македонија и нашиот народ, и сите граѓани кои живеат во неа, да работиме за доброто на државата и тоа ќе го правиме!
Да живее Охрид!
Да живее ВМРО-ДПМНЕ!
Да е вечна Република Македонија!, порача  премиерот Никола Груевски на денешниот народен собир во Охрид. 

Премиерот зборуваше и за инцидентот во Гошинце.

-Но сакам да им порачам една работа на сите инволвирани, ова не е 2001ва, институциите ќе делуваат решително и одлучно во рамки на своите надлежности, а потпалувачите од 5тата колона треба максимално одговорно да се постават во случајов зашто ова веќе не е дневна политика и нивните глупости, напади, закани и однесувања за овој случај имаат еден друг контекст. Ова е сериозна работа и во прашање е државата.
Изјавите на лидерот на опозицијата на неговата последна прес конференција во врска со овој настан ќе ги земам како израз на неговиот капацитет, но и неинформираност и ќе апелирам на воздржаност, ако воопшто е можна кај овие луѓе, затоа што воопшто не е наивна ова работа и без разлика на личните моменти, омразата која ја имаат, фрустрации, комплекси кај опозицијата, за ова замолувам да се воздржат од шпекулации, рече Груевски.

Груевски зборуваше за инвестициите во туризмот, инфраструктурата, индустријата, здравството и образованието.

Силно сме фокусирани на инвестициите во патната инфраструктура која во овој регион е од огромно значење за граѓаните и компаниите, но и за туристичкиот развој, изминативе години направивме сериозни инвестиции и реализиравме голем број на проекти.Минатата година отпочнавме со изградбата на автопатската делница Кичево – Охрид во должина од 57 км. Проект кој согласно утврдениот рок за градба ќе биде целосно реализиран до јануари 2018 година. Капитален проект за целиот регион и за Република Македонија која за секој реален човек значи позитивна работа. Проект на кој во огромен дел работат македонски работници и македонски компании. Проект кој еден мал дел на луѓе пробуваат да го извалкаат, не за друго, туку од едноставна причина што ние го градиме овој автопат, што тие само го говореа а никогаш ништо не направија. Бидејќи нивниот гнев и нивната омраза потекнуваат од тоа зошто ние реализираме капитални проекти и создаваме дела. Тие со нивната омраза и нивниот гнев, ние со нашата работа и нашите дела. Со нашите проекти кои значат за секој граѓанин на нашата држава.

Автопатот Кичево – Охрид ќе биде дополнет и со уште еден капитален проект на кој посветено со години работиме, а тоа е изградба на автопат Гостивар – Кичево, кој ќе значи поврзување на автопатот Скопје-Гостивар и новиот автопат Кичево – Охрид. Денес сакам да најавам дека како што кажавме така и правиме. На минатата седница на Владата веќе ја усвоивме физибилити студијата за овој проект и ја донесовме и одлуката за почеток на постапката за изградба на автопатот Гостивар – Кичево преку концесија, а набрзо ќе ја биде објавен и повикот за избор на концесионер кој ќе ја гради оваа автопатска делница која ќе биде во должина од 47 километри и со која Скопје и Охрид ќе бидат целосно поврзани со автопат.

За фабриките на ОДВ Електрик, Костал и Кисејфти Системс кои треба да донесат 3000 вработувања.

- Тоа се две огромни фабрики во охридско-струшко кои дури работат во браунфилд халите ќе вработат 300 до 400 работници, а кога ќе станат оперативни новите фабрики ќе вработат најмалку 2000 вработени!
Вработувања и фабрики ќе има и во Кичево! Американската компанија Ки Сејфти Системс која произведува воздушни перничиња за автомобилската индустрија веќе објави одлука да инвестира 20 милиони долари во Кичево и да реализира 1000 нови вработувања. Оваа компанија веќе ги започна подготвителните работи за изградба на својата фабрика во кичевската зона и оваа фабрика се очекува да биде завршена до крајот на оваа година. Она што е битно и сакам да го истакнам е дека моментално компанијата работи во браунфилд халата и има веќе 60 вработувања, а до крајот на годината додека работат таму и додека стане оперативна гринфилд фабриката ќе се вработат уште 250 работници, 250 вработувања за Кичево и кичевско до крајот на годината,а кога фабриката ќе стане оперативна тој број ќе дојде до 1000 работници!!!
Три фабрики и над 3000 нови работни места за овој регион! Тоа се конкретни резултати од нашата работа! Тоа е ВМРО-ДПМНЕ!

Премиерот зборуваше и за Охрид за долговите кои минатата локална власт ги натрупа во градот. 

-Е драги мои, овие луѓе кои неодамна имаа настан овде се од таа истата опозиција која го заглави Охрид во над 35 милиони евра долгови од кои глава не можеме да кренеме веќе две години. Долг кој го враќа локалната самоуправа и досега долгот е намален за 3 милиони евра, а исплатени се над 8 милиони евра камати. 

Е тоа е истата опозиција која го удави Охрид во криминалии, во перење пари, во незаконски набавки и договори, истата опозиција која шуруваше со подземјето, чии експоненти со нога ја отвораа вратата на градоначалникот, го киднапираа и третираа како измеќар, град во кој избори на СДСМ истите тие од подземјето му ги добиваа со купување гласови, со притисоци и закани кон граѓаните од сите заедници, а за возврат добиваа тендери и бизниси со општината, си креираа и договараа задолжувања и на најбрутален и безобразен начин го клекнаа Охрид на колена.
Е тие луѓе сакаат охриѓани да заборават. Да заборават на сите криминалии и глупости на поранешниот градоначалник, на сите тие ликови кои го третираа Охрид како нивна приватна своина која треба да ја раскрчмат и ограбат.


Но Охрид не само што не заборава, Охрид враќа, и затоа на изборите ВМРО – ДПМНЕ победи со толку голема разлика, затоа во два изборни циклуси по ред, разликата во гласови е толку голема што не можат да најдат ниту еден единствен, ниту меѓу нивните, кои би им поверувал дека сме победиле заради нешто друго.
Охриѓани враќаат и тоа така треба. И ние сме свесни за тоа. Како што сме свесни и за очекувањата кои Охриѓани ги имаа од нас и од градоначалникот, очекувања кои беа доста високи, и со право високи.
Охрид заслужува повеќе, и ние навистина правиме максимум колку што можеме да помогнеме во повеќе области каде тоа е возможно.Свесен сум дека има доста проблеми, свесен сум за секојдневието во Охрид, знам најизворно за вашите проблеми и знам дека мора да направиме нешто повеќе, иако и досега направивме многу нешта, додаде Груевски. 

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK