Пет02212020

Последна промена08:10:55 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид ИКТ иновациите во образованието тема на конференцијата „ICT Innovations 2013" во Охрид

ИКТ иновациите во образованието тема на конференцијата „ICT Innovations 2013" во Охрид

Сподели

 

Од денеска до 15-ти септември во Охрид, под покровителство на претседателот на Р.Македонија и градот Охрид, ќе се одржи 5-тата интернационална конференција „ICT Innovations 2013". Конференцијата е во организација на асоцијацијата ИКТ- АКТ која обединува поголем дел од универзитетските професори по информатика и компјутерско инженерство од Македонија. Главна тема на конференцијата оваа година се ИКТ иновациите во образованието.

 

На конференцијата ќе се одржат 9 сесии, 6 работилници, 5 комерцијални презентации и една панел дискусија. Посебно треба да се истакнат четирите поканети предавачи од Обединетото Кралство, Шведска и Србија. Повеќе од 200 учесници го регистрираа своето учество на конференцијата. Дополнително, за сите студенти по информатички науки и компјутерско инженерство од Македонија е обезбеден бесплатен влез на сите конференциски сесии и работилници.

Денес во просториите на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид,  во 10:00 часот ќе биде отворена конференцијата.  Свое обраќање на отварањето на конференцијата ќе имаат: градоначалникот на Охрид, Министерот за информатичко општество и јавна администрација на Р. Македонија, како и министерот за образование и наука на Р. Македонија.

Оваа конференција е единствена меѓународна конференција од областа на техничките науки која редовно се одржува во Македонија, а чиј зборник на трудови се печати од меѓународно познатата издавачка куќа Спрингер. Програмскиот одбор на конференцијата составен од 222 академски професори од 52 земји, од 85 трудови кои беа пријавени од автори од 17 земји избра 25 најдобри за овогодишниот зборник. Дополнителни 20 труда ќе бидат презентирани на конференцијата во форма на кратки трудови и постери. На конференцијата ќе биде избран најдобар труд кој, во проширена форма, ќе биде објавен во меѓународно списание со импакт фактор.

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK