Сре07082020

Последна промена12:10:15 PM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид ФОТО: Што е поубаво стариот камен или бекатонот на охридската чаршија?

ФОТО: Што е поубаво стариот камен или бекатонот на охридската чаршија?

Сподели

И после тринаесет години откако е отстранет стариот камен во  ох­рид­ска чаршија охриѓани  се уште постои дилемата како беше поубаво?

Ка­ме­нот беше отстранет во 2003 година а тогаш многу охридски ар­хи­тек­ти предупредуваа  дека е тоа непромислен потег. Денес  Старата охридска чаршија е поплочена со еден вид гранитни пло­чи- бекатон. Автентичниот камен со гранитни плочи го замени градоначалникот Ни­ко­ла Наумов.  По неколку години од нив­но­то поставување се покажаа оправдани предупредувањата на ох­рид­ски архитекти дека новиот материјал не само што не е автентичен ту­ку е и тежок за одржување.Искуствата покажуваат дека бекатонот, поради присуството на вештачки смоли во него, ги впива нечистотиите, на него брзо се појавуваат дамки, тој потемнува, а песочната подлога на која се поставува е несигурна.

Токму поради тоа, архитектите предлагаа при реконструкцијата на Чаршијата, постојниот камен да се извади, да се доработи и повторно да се вгради на истото место. 

Во познатите метрополи во Западна Европа старите градски јадра се градат од камен, а овде кај нас се употребува несоодветен материјал, реагираат до ден денес добрите познавачи. Бекатонот, гранитни или други плочи не кореспондираат со архитектурата на објектите што ја опкружуваат Чаршијата. Каменот што беше поставен, а сега е изваден од делот на Чаршијата што се реконструира, по боја и обработка, целосно одговараше на градската архитектура.

Фотографиите од Фејсбук групата "Охрид слики од минатото" 

 

Кога се менуваше каменот со бекатонот плочи 

 

Искуствата покажуваат, велат упатените, дека бекатонот, поради присуството на вештачки смоли во него, ги впива нечистотиите, на него брзо се појавуваат дамки, тој потемнува, а песочната подлога на која се поставува е несигурна. Токму поради тоа, архитектите предлагаа при реконструкцијата на Чаршијата, постојниот камен да се извади, да се доработи и повторно да се вгради на истото место. Некој, сепак, одлучи каменот да се отстрани и да се замени со бекатон.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK