Вто02182020

Последна промена12:52:58 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид

Информативна сесија за ИПА програмата одржана во Охрид

Во организација на Секторот за туризам и локален економски развој при Општина Охрид, Министерството за финансии, Министерството за труд и социјална политика и Делегацијата на Европската Унија, вчера се одржа информативна сесија за објавениот јавен повик во рамки на четвртата компонента од Инструментот за претпристапна помош (ИПА), Оперативна програма „Развој на човечките ресурси 2007-2013“, “Поттикнување на социјалната инклузија“, за доделување на неповратни средства (грантови).

Повеќе...

Дебарца се вклучи во чистењето на патот Охрид Кичево

На иницијатива на Градоначаникот на Општина Дебарца  Игор Трајкоски, на денес вработените на ЈП за комунална дејност “Дебрца”, по прв пат од формирањето на јавното претпријатие се вклучија во акцијата за чистење на магистралниот пат Охрид-Кичево што поминува низ Општина Дебарца во должина од 35км.

Повеќе...

Бакрачески: Здравствената состојба на митрополитот Тимотеј е потполно стабилна

Владиката Тимотеј е во добра и стабилна здравствена состојба. По денешниот комплетен здравствен преглед во Заводот за кардиоваскуларни болести во Охрид е пуштен на домашно лекување. Ова предмалку за Охриднет го изјави градоначалникот д-р Никола Бакрачески кој лично утрово изврши преглед врз митрополитот Дебарско кичевски.

Повеќе...

Охрид подготвен за Меѓународниот Кошаркарски турнир „Охрид Трофеј 2013”

Спортскиот центар “Билјанини извори “ подготвен за меѓународниот кошаркарски турнир  „Охрид Трофеј 2013”.

Tурнирот е во   организација на Ј.П.„Билјанини Извори„ а под покровителство на Локалната самоуправа.

Повеќе...

Охриѓанец почина од позајмена метадонска терапија

Поради постоење на основи на сомнение за сторено казнено дел „Овозможување на употреба на наркотични дроги“ СВР Охрид поднесе кривична пријава против  35 годишниот П.И. од Струга. Нему, истражен судија му одреди мерка притвор во траење до 30 дена.

Повеќе...

Груевски: Иградбата на автопатот Охрид Кичево ќе започне на почетокот на 2014 г

 

Пратеникот Александар Николоски од Охрид денес го праша премиерот кога точно се очекува да биде одобрен кредитот од Кинеската Влада, кои се условите под кои е одобрен, имајќи предвид дека е меѓудржавен договор кога се очекува да биде доставен до Собранието за да биде ратификуван и кога се очекува почеток на градба како и тоа колку ќе трае. Претседателот на Владата Никола Груевски одговори дека Ексим банката на Народна Република Кина и Министерството за трговија одобриле заем за изградба на автопатот од Скопје преку Свети Николе до Штип од 50 километри со преференцијална камата од 2 отсто, како и дека е во завршна фаза на одобрување во рамки ан Министерството за трговија на Кина заемот за автопатот од Кичево до Охрид и Струга од 57 километри под истите поволни услови. Заемот ќе го земе Агенцијата за патишта со рок на отплата од 20 години, од кои 5 години грејс период. Се очекува патиштата да почнат да се градат 3 до 4 месеци по одобрување од македонското Собрание, зависно од почетокот на градежната сезона и временските услови. Износот на инвестцијата во овие два автопати ќе изнесува 574 милиони евра без ДДВ, а рокот за изградба е три години од почетокот на градба.

Повеќе...

Ќе се подига кабаст отпад во "Билјанини извори"

Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 21.09.2013 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.)  од населба „Билјанини Извори„.

Повеќе...

Привршува реконструкцијата на изворите во с Велмеј

Градоначалникот Игор Трајкоски беше на увид во с.Велмеј каде што се врши реконструкција на изворите "НАИСТОК".Тој се интересираше до каде е реконструкцијата која деновиве се очекува да заврши. 

Повеќе...

Владиката Тимотеј преживел срцев удар

Надлежнииот архиереј на Дебарско-кичевската епархија и портпарол на МПЦ, митрополитот г. Тимотеј, доживеал срцев удар на вчерашната синодска седница и веднаш бил пренесен во болницата „Систина“. По направените лекарски проверки бил пуштен од болницa, јавува Утрински весник.

Повеќе...

Пешачката патека во "Охридатите" вратена во функција

Пешачката патека на ул.„АСНОМ„ во населба „Охридати„ од денеска е санирана и повторно проодна за пешаци.

Повеќе...

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK