Пет09182020

Последна промена03:03:40 PM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид

Охридскиот бисер го прослави Охрид ширум светот

Со огрлица од охридски бисер денес се кити сопругата на полскиот претседател Коморовски. Ова лето бесценет накит нанижан од зрна охридски бисери, од дуќанот на Филеви, купија и речиси сите претседатели на Собранија кои беа на Самитот во Охрид. Словенскиот, српскиот и хрватскиот претседател на собрание поклон на своите сопруги им подарија автентични природни охридски перли.

Повеќе...

ВМРО НП: Што се случи со грижата за Охрид од страна на движењето ДПМНЕ?

Сведоци бевме во изминатите осум години како т.н. движење ДПМНЕ преку нивните советници, претседатели и портпароли секојдневно на прес – конференции излегуваа во јавноста, божем загрижени за Охрид, и се спротивставуваа на изградбата на станбени објекти во Охрид. Секојдневно душогрижниците од движењето зборуваа како Охрид се уништил и како Охрид се задушил. На тој начин, со тие тези успеаа да дојдат и на власт, стои во писменото соопштение на ВМРО НП  до медиумите.

Повеќе...

Поевтинуваат цените на услугите на јавните претрпијатија во Охрид

Денес градските советници едногласно ја донесоа одлуката за намалување на цената на гробните места. Дел од гробните места поефтинуваат за 3000 денари, а поскапите дури за 12 000 денари.

Повеќе...

ФОТО - Еве како еден брачен пар од Охрид ја загадува природата

Сопружници  со својот автомобил и товарена  количка градежен шут и друг вид отпад , се истоварија  на Галичица. Овие фотографии ги направи наш читетел  кој ги фатил “живи”  загадувачите на околината.

Повеќе...

Општина Охрид издвои 25 000 евра помош за ракометниот клуб Охрид

Ракометниот клуб Охрид ќе добие 25 000 евра помош од локалната самоуправа. Вака одлучија советниците на денешната седница на Советот на општина Охрид.

Повеќе...

УИНТ “Св. Апостол Павле“ изработи апликација за Фудбалската Федерација на Македонија

 

 Tимот на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“за потребите на Фудбалската федереација на Македонија изработи апликација за прикажување на резултатите од фудбалските натпревари организирани од ФФМ. Оваа Апликацијата дава можност преку користење на мобилни уреди, официјалните лица да ги внесуваат резултатите од натпреварите кои се играат во моментот. Истите податоци во реално време се прикажуваат на веб страницата на ФФМ.

Повеќе...

Отворено првото брачно советувалиште во земјава

Во Охрид од денес започна со работа првото  брачно советувалиште во земјава.  Канцеларијата е отворена во просториите на Центарот за социјални работи Охрид, а  целта на советувалиштето  е давање бесплатни совети и  професионална помош на  ризични семејствата  и бракови  пред развод. 

Повеќе...

На Охрид му треба репрезентативен "храм" на културата

На објектот каде е сместен центарот за култура во Охрид, веќе од поодамна му помина времето. Овој сегашен центар за култура ваков каков што е, не е повеќе во мода. Тој треба да се менува, да се осовременува и да заличи на вистински модерен храм на културата. На Охрид, македонскиот културен и духовен центар, му треба нов и современ лик на националната установа „Григор Прличев“.

Повеќе...

Моторџија удрил во крава на патот Кичево Охрид

Младо момче попладнево, со тешки телесни повреди е донесено во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Како што „Охриднет“ дознава од извори во болницата, момчето имало скршеници на рамото и во долниот дел на ногата. Преземени биле неопходни хируршки зафати за санирање на повредите и за среќа  немало посериозни последици по неговото здравје.

Повеќе...

Охрид претставен на манифестацијата „ЖУПСКА БЕРБА 2013„

Во рамките на реализацијата на програмата на Секторот за туризам и локален економски развој за активна туристичка, културна и економска соработка со партнерски градови, Општина Охрид како Град партнер зеде активно учество во рамките на јубилејната 50-та по ред Манифестација “ Жупска берба 2013 “ која викендов се одржа во Александровац, Република Србија.

Повеќе...

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK