ВМРО НП: Што се случи со грижата за Охрид од страна на движењето ДПМНЕ?
- Детали
- Објавено на Вторник, 24 Септември 2013 13:27
Сведоци бевме во изминатите осум години како т.н. движење ДПМНЕ преку нивните советници, претседатели и портпароли секојдневно на прес – конференции излегуваа во јавноста, божем загрижени за Охрид, и се спротивставуваа на изградбата на станбени објекти во Охрид. Секојдневно душогрижниците од движењето зборуваа како Охрид се уништил и како Охрид се задушил. На тој начин, со тие тези успеаа да дојдат и на власт, стои во писменото соопштение на ВМРО НП до медиумите.
ФОТО - Еве како еден брачен пар од Охрид ја загадува природата
- Детали
- Објавено на Вторник, 24 Септември 2013 11:41
Сопружници со својот автомобил и товарена количка градежен шут и друг вид отпад , се истоварија на Галичица. Овие фотографии ги направи наш читетел кој ги фатил “живи” загадувачите на околината.
Општина Охрид издвои 25 000 евра помош за ракометниот клуб Охрид
- Детали
- Објавено на Понеделник, 23 Септември 2013 14:40
Ракометниот клуб Охрид ќе добие 25 000 евра помош од локалната самоуправа. Вака одлучија советниците на денешната седница на Советот на општина Охрид.
УИНТ “Св. Апостол Павле“ изработи апликација за Фудбалската Федерација на Македонија
- Детали
- Објавено на Понеделник, 23 Септември 2013 22:58
Tимот на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“за потребите на Фудбалската федереација на Македонија изработи апликација за прикажување на резултатите од фудбалските натпревари организирани од ФФМ. Оваа Апликацијата дава можност преку користење на мобилни уреди, официјалните лица да ги внесуваат резултатите од натпреварите кои се играат во моментот. Истите податоци во реално време се прикажуваат на веб страницата на ФФМ.
Отворено првото брачно советувалиште во земјава
- Детали
- Објавено на Понеделник, 23 Септември 2013 12:52
Во Охрид од денес започна со работа првото брачно советувалиште во земјава. Канцеларијата е отворена во просториите на Центарот за социјални работи Охрид, а целта на советувалиштето е давање бесплатни совети и професионална помош на ризични семејствата и бракови пред развод.
На Охрид му треба репрезентативен "храм" на културата
- Детали
- Објавено на Понеделник, 23 Септември 2013 22:47
На објектот каде е сместен центарот за култура во Охрид, веќе од поодамна му помина времето. Овој сегашен центар за култура ваков каков што е, не е повеќе во мода. Тој треба да се менува, да се осовременува и да заличи на вистински модерен храм на културата. На Охрид, македонскиот културен и духовен центар, му треба нов и современ лик на националната установа „Григор Прличев“.
Моторџија удрил во крава на патот Кичево Охрид
- Детали
- Објавено на Недела, 22 Септември 2013 19:25
Младо момче попладнево, со тешки телесни повреди е донесено во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Како што „Охриднет“ дознава од извори во болницата, момчето имало скршеници на рамото и во долниот дел на ногата. Преземени биле неопходни хируршки зафати за санирање на повредите и за среќа немало посериозни последици по неговото здравје.
Охрид претставен на манифестацијата „ЖУПСКА БЕРБА 2013„
- Детали
- Објавено на Понеделник, 23 Септември 2013 17:17
Во рамките на реализацијата на програмата на Секторот за туризам и локален економски развој за активна туристичка, културна и економска соработка со партнерски градови, Општина Охрид како Град партнер зеде активно учество во рамките на јубилејната 50-та по ред Манифестација “ Жупска берба 2013 “ која викендов се одржа во Александровац, Република Србија.
Охрид утре добива брачно советувалиште
- Детали
- Објавено на Недела, 22 Септември 2013 18:52
Во Охрид од утре со работа ќе започне брачно советувалиште. Канцеларијата ќе биде отворена во просториите на Центарот за социјални работи Охрид. Целта на советувалиштето е давање бесплатни совети професионална помош на семејствата кои живеат во ризик, но и на оние кои се пред развод.
Поевтинуваат цените на услугите на јавните претрпијатија во Охрид
- Детали
- Објавено на Понеделник, 23 Септември 2013 14:59
Денес градските советници едногласно ја донесоа одлуката за намалување на цената на гробните места. Дел од гробните места поефтинуваат за 3000 денари, а поскапите дури за 12 000 денари.