Конечно ќе се гради автопат Кичево Охрид
- Детали
- Објавено на Среда, 18 Септември 2013 19:36
Со заем од Кина ќе се гради автопат Охрид Кичево. Владата доби информација дека Ексим банката на НР Кина одобрила заем за изградба на автопатот од Скопје до штип а во завршна фаза е одобрувањето на заемот за автопатот Кичево Охрид Струга. Автопатот Кичево Охрид ќе биде во должина од 57 км. Заемот ќе го добие Агенцијата за патишта со рок на отплата од 20 години од кои 5 години грејс период.
Охрид ќе добие средно музичко училиште
- Детали
- Објавено на Среда, 18 Септември 2013 19:09
Охрид од следната учебна година ќе добие средно музичко училиште. Учениците кои сакаат да го продолжат своето образование во музиката нема веќе да патуваат Битола или Скопје туку ќе учат во Охрид.
Маларична или ќе се дислоцира или ќе се реконструира
- Детали
- Објавено на Среда, 18 Септември 2013 10:50
Здравствениот дом во Охрид, кај охриѓани познат како Маларична или ќе се дислоцира или ќе се реконструира, изјави градоначалникот Никола Бакрачески. Се чека од министерството за здравство охридскиот здравствен дом да влезе во прграмата за реконструкција.
21Септември Меѓународен ден на мирот
- Детали
- Објавено на Среда, 18 Септември 2013 18:48
Со мировен марш Сојузот на борци на Македонија ќе го одбележи Меѓународниот ден на мирот. Собирно место на учесниците во Мировниот марш ќе биде во кругот на Организацијата ( стара дирекција на "Гранит" ) ,во 11ч во Петок.
Епитаф каков досега не сте виделе
- Детали
- Објавено на Среда, 18 Септември 2013 05:44
Ова е најнеобичниот епитаф виден досега. Забележан е и снимен од наш читател во еден град во Западна Македонија.
Се уредуваат тротоарите на Kејот
- Детали
- Објавено на Среда, 18 Септември 2013 12:07
Од денес започна уредувањето на тротоарот на Кејот на Охридското езеро. Екипите на ЈП “Нискоградба” со механизација го обновуваат бекатонот пред поранешното одмаралиште на ПТТ.
Започнуваат археолошки истражувања во Љубаништа
- Детали
- Објавено на Вторник, 17 Септември 2013 17:16
Наскоро треба да започнат археолошки истражувања во „Љубанишко поле“. Од Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј Охрид, моментално работат на чистење и обележување на теренот, јавува ТВМ.
Денес автомобилите оставете ги дома
- Детали
- Објавено на Среда, 18 Септември 2013 11:11
По повод Европската недела на мобилност(16-22 септември) чија тема за 2013 година е „Чист воздух-ти си на потег“, Општина Охрид, денешниот ден го прогласи за Ден без автомобили.
Локалната експресно ги решава проблемите на жителите на “Радојца Новичиќ”
- Детали
- Објавено на Вторник, 17 Септември 2013 15:42
Откако жителите на урбаната заедница „Радојца Новичиќ“, пред градоначалникот Бакрачески и претставниците на локалната самоуправа ги изнесоа проблемите со кои се соочуваат, потребите и предлозите со кои би се подобрил квалитетот на живеење во оваа градска населба од денеска екипи на Секторот за комунален развој и Ј.П. „Охридски комуналец“ пристапија кон средување на теренот.
Насилник од Србија барал пари од охриѓанка
- Детали
- Објавено на Среда, 18 Септември 2013 10:57
Поради постоење на основи на сомнение за сторено казнено дел „Загрозување на сигурноста“ СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.К.(39) од Зрењанин Република Србија. Него, истражен судија му одреди мерка притвор во траење од 8 дена.