Пет години од смртта на Дџ Пантер и Дџ Бруце
- Детали
- Објавено на Недела, 22 Септември 2013 11:47
Во вторник се навршуваат пет години од трагичната сообраќајна несреќа во која во близина на превојот Буково загинаа Влатко Пантовски - Дџ Пантер и Наумче Аврамоски - Дџ Бруце од охридското Супер радио.
Градските советници ќе расправаат за 85 предлог одлуки
- Детали
- Објавено на Недела, 22 Септември 2013 00:01
Утре Советот на општина Охрид ќе ја одржи единаесеттата седница на која советниците ќе расправаат по 85 предлог одлуки.
Меѓу другото советниците ќе расправаат за висината на надоместокот на услугите од јавните претпријатија „Градски Гробишта“, ЈП „Охридски Комуналец “. „Нискоградба Охрид“, „Билјанини Извори“ и РЕ Водовод.
Со мировен марш охридските борци го одбележаа денот на мирот
- Детали
- Објавено на Петок, 20 Септември 2013 15:03
Охридските борци со мировен марш по кејот на Охридското Езеро и пригодна програма денеска го одбележа 21 Септември, светскиот ден на мирот. Тие порачаа светот никогаш веќе да не доживее војни.
Дојде есен
- Детали
- Објавено на Сабота, 21 Септември 2013 20:46
Денес во 22 44ч по средноевропско време, започнува есента. Денот и ноќта ќе траат подеднакво . На северната хемисфера е есенска рамноденица, а на јужната пак пролетна рамноденица, таму почнува пролетта.
Информативна сесија за ИПА програмата одржана во Охрид
- Детали
- Објавено на Петок, 20 Септември 2013 14:51
Во организација на Секторот за туризам и локален економски развој при Општина Охрид, Министерството за финансии, Министерството за труд и социјална политика и Делегацијата на Европската Унија, вчера се одржа информативна сесија за објавениот јавен повик во рамки на четвртата компонента од Инструментот за претпристапна помош (ИПА), Оперативна програма „Развој на човечките ресурси 2007-2013“, “Поттикнување на социјалната инклузија“, за доделување на неповратни средства (грантови).
Ова лето наезда на оси и пчели во охридско струшкиот регион
- Детали
- Објавено на Сабота, 21 Септември 2013 15:15
Изминатава сезона ќе остане запаметена по енормно големиот број на оси и пчели во охридско струшкиот регион. Граѓаните се жалат, велат не паметат ваква инвазија на овој вид инсекти.
Ги има насекаде не само на брегот на езерото и по плажите туку и по терасите на кафулињата и рестораните.
Дебарца се вклучи во чистењето на патот Охрид Кичево
- Детали
- Објавено на Петок, 20 Септември 2013 14:43
На иницијатива на Градоначаникот на Општина Дебарца Игор Трајкоски, на денес вработените на ЈП за комунална дејност “Дебрца”, по прв пат од формирањето на јавното претпријатие се вклучија во акцијата за чистење на магистралниот пат Охрид-Кичево што поминува низ Општина Дебарца во должина од 35км.
30 дена "Охриднет", силна доверба кај читателите
- Детали
- Објавено на Сабота, 21 Септември 2013 00:08
Изминаа 30 дена од првото појавување на “Ohridnet.com” пред бројната интернет публика. Јубилејот 30 дена постоење е мал чекор за тимот, но голем за порталот “Ohridnet”. Велиме голем чекор за “Ohridnet”, бидејќи по само еден месец работа и постоење, на ранг рејтинг листата “Alexa” реномирана информативна компанија за посетеноста на веб страниците, од рангирани над 9000, зад “Ohridnet” останаа дури 5000 интернет портали од земјава со далеку подолг „работен стаж“ и постоење. Тоа е доволен доказ дека пребирливата интернет публика го препозна квалитетот и посебниот приод на "Ohridnet" кон професионализмот, објективноста и непристрасноста во нашата работа.
Охрид подготвен за Меѓународниот Кошаркарски турнир „Охрид Трофеј 2013”
- Детали
- Објавено на Четврток, 19 Септември 2013 23:34
Спортскиот центар “Билјанини извори “ подготвен за меѓународниот кошаркарски турнир „Охрид Трофеј 2013”.
Tурнирот е во организација на Ј.П.„Билјанини Извори„ а под покровителство на Локалната самоуправа.
Кошаркарите подарија топки на своите фанови
- Детали
- Објавено на Петок, 20 Септември 2013 15:33
Денес во О.У. „Христо Узунов„ најмладите се дружеа со македонските кошаркарски репрезентативци и со кошаркарите од КК.МЗТ – Скопје, кои викеднов престојуваат во нашиот град по повод одржувањето на Меѓународниот кошаркарски тунир „Охрид Трофеј 2013„.