Пешачката патека во "Охридатите" вратена во функција
- Детали
- Објавено на Четврток, 19 Септември 2013 14:15
Пешачката патека на ул.„АСНОМ„ во населба „Охридати„ од денеска е санирана и повторно проодна за пешаци.
Бакрачески: Здравствената состојба на митрополитот Тимотеј е потполно стабилна
- Детали
- Објавено на Четврток, 19 Септември 2013 14:06
Владиката Тимотеј е во добра и стабилна здравствена состојба. По денешниот комплетен здравствен преглед во Заводот за кардиоваскуларни болести во Охрид е пуштен на домашно лекување. Ова предмалку за Охриднет го изјави градоначалникот д-р Никола Бакрачески кој лично утрово изврши преглед врз митрополитот Дебарско кичевски.
Концесионерот “Пастрмка 2012” се бори со рибокрадците
- Детали
- Објавено на Среда, 18 Септември 2013 19:41
Пред два дена, рибочуварска служба на концесионерот на Охридското езеро- фирмата „Пастрмка 2012“, на брегот на Охридското езеро во близина на хотелот „Мизо“ пронајдоа околу 60-тина парчиња различна риба и 15 рибарски мрежи.
Охриѓанец почина од позајмена метадонска терапија
- Детали
- Објавено на Четврток, 19 Септември 2013 10:59
Поради постоење на основи на сомнение за сторено казнено дел „Овозможување на употреба на наркотични дроги“ СВР Охрид поднесе кривична пријава против 35 годишниот П.И. од Струга. Нему, истражен судија му одреди мерка притвор во траење до 30 дена.
Конечно ќе се гради автопат Кичево Охрид
- Детали
- Објавено на Среда, 18 Септември 2013 19:36
Со заем од Кина ќе се гради автопат Охрид Кичево. Владата доби информација дека Ексим банката на НР Кина одобрила заем за изградба на автопатот од Скопје до штип а во завршна фаза е одобрувањето на заемот за автопатот Кичево Охрид Струга. Автопатот Кичево Охрид ќе биде во должина од 57 км. Заемот ќе го добие Агенцијата за патишта со рок на отплата од 20 години од кои 5 години грејс период.
Ќе се подига кабаст отпад во "Билјанини извори"
- Детали
- Објавено на Четврток, 19 Септември 2013 10:35
Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 21.09.2013 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) од населба „Билјанини Извори„.
Охрид ќе добие средно музичко училиште
- Детали
- Објавено на Среда, 18 Септември 2013 19:09
Охрид од следната учебна година ќе добие средно музичко училиште. Учениците кои сакаат да го продолжат своето образование во музиката нема веќе да патуваат Битола или Скопје туку ќе учат во Охрид.
Владиката Тимотеј преживел срцев удар
- Детали
- Објавено на Среда, 18 Септември 2013 23:13
Надлежнииот архиереј на Дебарско-кичевската епархија и портпарол на МПЦ, митрополитот г. Тимотеј, доживеал срцев удар на вчерашната синодска седница и веднаш бил пренесен во болницата „Систина“. По направените лекарски проверки бил пуштен од болницa, јавува Утрински весник.
21Септември Меѓународен ден на мирот
- Детали
- Објавено на Среда, 18 Септември 2013 18:48
Со мировен марш Сојузот на борци на Македонија ќе го одбележи Меѓународниот ден на мирот. Собирно место на учесниците во Мировниот марш ќе биде во кругот на Организацијата ( стара дирекција на "Гранит" ) ,во 11ч во Петок.
НСДП со реакција на демантот на Пандески
- Детали
- Објавено на Среда, 18 Септември 2013 22:13
По повод изјавата на Драган Пандески објавена на порталот Охриднет сакаме да ве информираме дека Верица Хајба е назначена согласно Статутот на СДДП за в.д претседател на ОО НСДП Охрид од страна на претседателот на Новата Социјалдемократска партија Тито Петковски на ден 13.09.2013 година.