Пон01222018

Последна промена02:31:47 PM

Back Вие сте на: Home Вести Охрид

Спикерот на Сенатот на Канада, Ноел Кинсела ќе одржи предавање во Охрид

Спикерот на Сенатот на Канада, Ноел Кинсела, кој престојува во официјална посета на Република Македонија, денес ќе одржи предавање во Универзитетскиот конгресен центар во Охрид јавува Макфакс.

Повеќе...

Охриѓани едногласно ја бодреа македонската репрезентација од градскиот плоштад

Стотина навивачи од најмлади до најстари,  вечерва заеднички, едногласно и еуфорично ја бодреа македонската репрезентација на првиот натпревар од Европското првенство во кошарка. 

Плоштадoт  " Свети Климент Охридски" беше во знакот на црвено жолтата боја развеани знамиња, шалови, навивачки труби. Желбата за победа и неизвесноста траеа до последната секунда, кога натпреварот Македонија-  Црна Гора заврши 80:81. 

Повеќе...

"Математичка грешка"- минатата локална власт сама си изгради дивоградба

Вистински апсурд, поранешната локална власт при доградбата на општинската зграда  изгради цел еден спрат дивоградба, а сите фирми вмешани во проектирање и изградба се вадат на математичка грешка, дознава Охриднет.

Поради многуте недоследности и пропусти во техничката документација новата локална власт ја стопира доградбата на административната зграда.

Повеќе...

“Галеб 2013” национална вежба - Ќе се спауваат ВИП гости од киднапиран брод во Охрид

 

Денес  во Охрид, повеќе организациони единици при Министерството за внатршни работи ќе ја изведуваат националната вежба за превенција од тероризам насловена „Галеб 2013“, а којашто се организира во рамки на активностите предвидено со Акциониот план на Националната стратегија за борба против тероризмот.

Повеќе...

Албанец од Поградец два пати извршил кражба во “Охридско лето”

Дваесетгодишен албанец од Поградец во два наврати извршил кражба во дирекцијата на Охридско лето во Охрид.

На 24-ти Јули оваа година, влегол во просториите на „Охридско лето“ и украл еден фотоапарат „Никон“.

Повеќе...

Охрид подготвен за групно навивање

 

Општина Охрид во соработка со Црвен Крст и јавните претпријатија, ги привршуваат подготовките за вечерашниот почеток на манифестацијата „ Да навиваме заедно за Македонија “.

Повеќе...

Охриѓани со плашица и пиво групно ќе навиваат

 Од денеска групно следење на Европското првенство во кошарка на градскиот плоштад во Охрид. Во рамките на одбележувањето на 8-ми септември- Денот на независноста на Р.Македонија, од денес граѓаните на Охрид ќе можат организирано да ги следат настапите и да дадат поддршка на Македонската кошаркарска репрезентација на Европското првенство во кошарка, кое се оддржува во Р.Словенија. Општина Охрид, пред ТВ преносите, ќе организира посебна спортска-забавна програма, со ревијално учество на спортски екипи од Охрид.

Повеќе...

Охриѓани заедно ќе навиваат и ќе бидат хумани

Групното следење на настапите на нашата кошаркарска репрезенатција на Европското првенство во кошарка на градскиот плоштад “Свети климент Охридски” доби и хуманитарен предзнак.

Повеќе...

Изработена номинационата форма за ставање на Охридскиот и Преспанскиот регион под УНЕСКО

Билатералниот Секретаријат како носител на активноста за изготвување на Номинација за прогласување на регионот Охрид –Преспа за биосферен резерват на УНЕСКО , успешно заврши уште една од своите мисии. Имено , номинационата форма за ставање на Охридскиот и преспанскиот регион и на македонска и на албанска страна под заштита на УНЕСКО е веќе изработена и се чека само состанокот на МАБ Комитетот кој ќе се одржи на 12 Септември во Скопје и потписот на документот кој треба да го стават македонскиот и албанскиот преставник во Билатералниот Секретаријат.

Повеќе...

Четири години од потонувањето на бродот “Илинден”

Денес  се навршуваат четири години од кобниот 5 ти септември, денот кога потона бродот “Илинден” во водите на Охридското езеро.

Делегација на Општина Охрид и на Здружението на граѓани „5 септември“ ќе положат цвеќе пред спомен-плочата на жртвите во несреќата, поставена на Градскиот кеј во Охрид. Поканети се и претставници од Амбасадата и Конзулатот на Бугарија во Македонија, јавува МИА.

Повеќе...

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK