Сре05252022

Последна промена10:53:20 AM

SCREEN

Cpanel

   

Back Вие сте на: Home Вести Струга Во Струга за “11 Октомври” се веат илјадници македонски знамиња

Во Струга за “11 Октомври” се веат илјадници македонски знамиња

Сподели

На иницијатива на невладината “Каприкорн 2010” на  овој “11 Октомври” во Струга се веат илјадници македонски знамиња.

 

Стружани изминативе два дена масовно поставуваа државни знамиња на  балкони и на прозори во своите домови. Целта на оваа иницијатива поттикната од струшката невладина организација е да се искаже револтот кон локалната самоуправа на чело со градоначалникот Зијади Села,  која на националните празници не го истакнува државното знаме.

- “Каприкорн 2010” испровоцирани и изреволтирани од игнорантскиот однос од страна на општинската власт во изминатите осум години во однос на поставувањето на државни знамиња за време на државен празник се одлучивме кога веќе тие не ги поставуваат да ги поставиме ние,   вели Васко Јолески.

Македонските знамиња се  поставени и на јавните површини и  тие  не се отстрануваат , како што објавија некои медиуми. Комуналните инспектори ги отстраниле   единствено оние знамиња, кои биле поставени на главната раскрсница со образложение дека го попречувале сообраќајот.

Интересно е тоа што на  бандерите низ центарот на градот, веднаш до македонските  непознати лица поставиле и албански знамиња.

Како што завчера објави Охриднет "Каприкорн 2010" револтирани од односот на локалната самоуправа, која изминативе месеци не поставува државни знамиња за националните празници   ги повика стружани сами да поставуваат македонски знамиња.

Во градот на мостовите ниту на “Илинден” ниту на “8 ми Септември” не се вееше македонското државно знаме. 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK