Стружанец се обиде да ги убие сопствениот син и внука
- Детали
- Објавено на Среда, 16 Октомври 2013 15:13
Попладнево во струшкото село Џепин се одвивала вистинска драма.
После вербална расправија во семејната куќа во сопственост на Енвер К. таткото се обидел да го убие сопствениот син и внука пукајќи кон нив со пиштол . Повредениот се бори за живот и е пренесен на скопските клиники , а внуката е тешко повредена но, за среќа надвор од животна опасност. Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски го потврди настанот и вели се работи на расчистување на случајот. Дополнителни информации најави текот на денот.