Во Струга поставени држачи за знамиња
- Детали
- Објавено на Среда, 16 Октомври 2013 19:11
Конечно на струшките бандери се поставуваат држачи за знамиња.
Откако комуналните инспектори побараа од стружани да ги отстранат знамињата кои беа поставени на 11 Октомври на иницијатива на невладината Карпикорн 2010, денес во Струга беа поставени држачи за знамиња.
Од Каприкорн 2010 за Охриднет велат дека се задоволни што нивната иницијатива вроди со плод, што ги поттикнаа локалните власти да поставуваат држачи на кои на сите државни празници ќе се веат македонски знамиња.