Запленети два тони цемент на Ќафасан
- Детали
- Објавено на Среда, 16 Октомври 2013 20:31
Царинските службеници на граничниот премин Ќафасан спречија обид за влез на цемент на црно во земјава.
1.920 кг цемент, откриени на царинската испостава Ќафасан-отсек за стоково царинење, при контрола на товарно возило натоварено со цемент, наменет за фирма-увозник од Струга.
Поради неусогласеност на тежината според приложените документи и измерената тежина, извршен е растовар на стоката и мерење на празното возило, при што е утврдено дека во возилото имало 1.920 кг цемент што не биле опфатени со царинската декларација.
Во текот на минатата недела царинските службеници спречија повеќе обиди за криумчарење стока, при што привремено се задржани девизи, облека, фалсификати, градежни материјали, тресет, мед, козметички производи и друго на повеќе гранични премини во земјава.