Пон08212017

Последна промена06:11:12 PM

Back Вие сте на: Home Вести Струга Мултиетничка Струга ја слави различноста

Мултиетничка Струга ја слави различноста

Сподели

Мултиетничка Струга ја слави различноста. Во пресрет на новогодишните празници преку музика, песна и игра младите  стружани  од сите етнички заедници докажаа дека  се еднакви. 

 Македонци, албанци, турци, власи, роми сите различни но со единствена порака со позитивна мисла  да се живее сплотено и заедно.

- Главната цел на нашиот проект е спојување на различностите и овој настан е дел од тој проект.Називот на проектот е Декада на припадност односно сакаме на еден позитивен начин да им покажеме на граѓаните од Југозападниот регион дека може да припаѓаат на овој регион и да ги ценат различностите бидејки тоа е едно богатство и благосостојба, вели Катерина Василеска координато на проектот.

Музиката е универзален јазик, па затоа е формиран  мултиетнички хор, кој ги обединува средношколците од различните етнички групи.

- Имавме прилика да се дружиме со многу други деца и многу ни се допадна тоа што бевме во дружење цело време. Ние ја изведовме песната Ода на радоста, вели една ученичка.

Настанот се планира да  стане традиција, бидејќи на овој начин се  дружат учениците од различни етникуми во градот.

–Конкретно за настапот се подготвувавме активно два дена имавме генерално рпоби, секој вторник и четврток еден месец. Многу добро го прифатија учениците проектот, презадоволни  сме затоа што бевме повикани, децата се презадоволни, истакна Климент  Јанкоски професор по музичко во ОУ „Јосип Броз Тито“.

Проектот „Декада на припадност – Славење на различностите ќе се реализира во наредните три години со финансиска поддршка од Европската унија.Во проектот учество зедоа 150 ученици од сите училишта во Струга и струшко.

Новинар Соња Рилковска

Канал 5 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK