Чет05252017

Последна промена08:07:46 PM

Back Вие сте на: Home Вести Струга Познат копаничар од Струга изработи резба идентична на иконостасот во Бигорски

Познат копаничар од Струга изработи резба идентична на иконостасот во Бигорски

Сподели

Познатиот македонски копаничар, стружанецот Новица Столески, го изработи малиот резбан иконостас за иконата на Пресвета Богородица,и го подари на Бигорскиот манастир.

Како што пишува религија.мк, Бигорскиот манастир доби резбан исконостас за иконата на Пресвета Богоордица, или популарно наречена целивална, која речиси и да не се разликува во изработката од епохалното дело на Петре Филипов Гарката, кој го изработил највеличествениот иконостас во манастирската црква.
– Слободно би можеле да кажеме дека речиси се повтори делото на великанот на црковниот дрворез, Петре Филипов Гарката, и воскресна едно најтаинствено и најпрефинето во светски рамки копаничарско предание – преданието на уникатната мијачка резбарска школа. Иконостасот за иконата „Достойно естъ“ се одликува со мошне длабока резба, идентична со онаа на главниот иконостас, така што до ситници е запазен размерот на длабочината, поставеноста на елементите, флоралната орнаментика, извесни минијатури, внатрешните спирални носачи на столбовите… Единствено во што се разликува е содржината на сценските прикази. Наместо сцени од Светото Писмо на Стариот и Новиот Завет, од житијата на Мајката Божја, Свети Јован Крстител и др., на новата целивална се прикажани настани и мотиви од чудото на Пречистата, поврзано со Нејзината света икона. По идеја и во советување со нашиот старец Партениј, авторот Новица изработи вистински живопис во ореово дрво на чудесното собитие, како еден вид надополнение на приказот од самата икона, ја пренесува порталот религија.мк, изјавата од надлежни во Бигорскиот манастир.
Инаку во овој иконостас ќе биде сместена чудотворната икона на Пресвета Богородица – „Достойно естъ“, која Бигорски ја доби прес седум години.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK