Сре05252022

Последна промена10:53:20 AM

SCREEN

Cpanel

   

Back Вие сте на: Home Вести Струга Конференција „Инвестирај за иднината“ во Струга

Конференција „Инвестирај за иднината“ во Струга

Сподели

Во Струга, денес со работа отпочна четвртата конференција за програмата за поддршка на жените „Инвестирај за иднината“ што ќе ја следат близу сто жени претприемачи-делегати од петнаесет балкански и европски земји.

 Учесничките меѓу кои има и раководители во јавниот сектор, жени едукатори во цивилното општество и креатори на политики, ќе разменат мислења и искуства со цел подобрување на нивните работни перформанси и креирање современи менторски капацитети. Крајната цел на конференцијата „Инвестирај за иднината“ е создавање мрежа за поддршка на жените во бизнисот и поттикнување на меѓусебната соработка во сите сфери во бизнисот,цивилниот и јавниот сектор односно во сферата на целокупната општествена и политичко-економска работа и делување на жената. „Инвестирај за иднината“ е програма креирана во 2010 година од Стејт Департментот на САД со силна поддршка од тогашниот државен секретар Хилари Клинтон и првиот глобален Амбасадор за женски права Мелани Вирвир.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK