Пет01202017

Последна промена01:35:01 PM

Back Вие сте на: Home Вести Струга Гостиварец крадел во Струга

Гостиварец крадел во Струга

Сподели

СВР Охрид - НККР-Струга поднесе кривична пријава против Џ.И. (23) од с.Дебреште гостиварско поради постоење основано сомнение за сторени две кривични дела „тешка кражба“.

Првото кривично дело пријавениот го извршил на 26.12.2016 година во деловната просторија сервис за мобилни телефони „Мобител“ во склоп на ДООЕЛ „Прима“ лоциран во градскиот безистен во Струга, сопственост на И.Ќ. од с.Октиси, на тој начин што со употреба на подесен предмет од излогот одзел повеќе мобилни телефони. Второто кривично дело пријавениот го извршил на  27.12.2016 год. во менувачница „КЕ-МЕ“ лоцирана на ул. „Ѓорѓи Ѓоргон“ во Струга сопственост на М.М. од Струга, извршено на начин што пријавениот со подесен предмет ја отворил вратата од каде одзел 50 швајцарски франци и метален сеф во кој имало метални монети денари и евра, со што е причинета материјална штета од 70.000 денари.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK