Пет01202017

Последна промена01:35:01 PM

Back Вие сте на: Home Вести Струга Помош за жителите во струшките села

Помош за жителите во струшките села

Сподели

Општинската организација на Црвениот крст од Струга деновиве активно работи на достава на храна, средства за хигиена и ќебиња на семејства во лоша социјална состојба, од планинските села и стари лица, со цел да им помогнат на екстремно ниските температури.

 

Секретарот на струшкиот Црвен крст Адуриме Даути информира дека семејствата со социјални проблеми ги нашле со помош на Центарот за социјална работа - Струга.

- Волонтерите на Црвениот крст изминативе денови посетија неколку семејства од повисоките планински места, стари лица, како и повеќедетни семејства во лоша социјална состојба на кои им однесовме храна, хигиенски средства и ќебиња со надеж дека ќе им помогнеме во овие студени денови, изјави Даути.

Волонтерите на струшкиот Црвен крст посетиле семејства во селата Луково, Дренок, Брчево, Нерези, Безево, Франгово, Јабланица, Делогожда и Ново Село.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK