Изградбата на црквата во Октиси остана на темели
- Детали
- Објавено на Петок, 18 Октомври 2013 10:31
Изградбата на црквата “Свети Димитрија” во струшкото село Октиси остана на темели. Иако досега се остварени повеќе средби помеѓу митрополитот дебарско кичевски, градоначалникот Зиадин Села и струшкиот муфтија, се уште нема конкретно решение.
- Мислам дека засега останува на статус кво. Се разговара но не се дава плод, изјави митрополитот дебарско кичевски владиката Тимотеј.
Струшкиот суд го одби барањето на градоначалникот Села за времена забрана за изградба на црквата, бидејќи градежните работи отпочнаа согласно законот.
Останува МПЦ и ИВЗ заеднички да ги надминат недоразбирањата, сметаат од Комисијата за односи со верските заедници.
-Јас мислам дека во скоро време ќе има разрешница. Прво затоа што градежните работи кои се почнати во Октиси се согласно законите правилата и според нашиот закон, според урбанистичкиот план и второ поради тоа што првостепениот суд одлучи дека градежните работи можат и треба да продолжат во село Октиси, смета валентина Божиноска претседател на Комисијата за односми со верските заедници.
Меѓуверскиот инцидент се случи на 25 август, кога православните жители на селото Октиси беа спречени од нивните сожители од муслиманска веросиповест да постават започна со изградба на црквата “Свети Димитрија”, за што имаат градежна дозвола.
И според фотографии и документи во минатото на тоа место имало црква.