Сре05252022

Последна промена10:53:20 AM

SCREEN

Cpanel

   

Back Вие сте на: Home Вести Струга Дрвокрадци нападнале полицајци кај с. Заграчани

Дрвокрадци нападнале полицајци кај с. Заграчани

Сподели

Еден полициски службеник на граничната полиција е повреден вчера околу 17 часот при вршење на службената должност во близина на струшкото селото Шум. Кај него, констатирани се лесни повреди во пределот на главата, вратот и левото рамо.

Патролата на граничната полиција поставена кај струшкото село Вишни, при контрола констатирала дека во трактор во кој имало две лица од Велешта и едно лице албански државјанин, нелегално се превезуваат шест метри кубни огревно буково дрво односно транспортот се вршел без соодветна документација. Патролата констатирала дека немало прописно поставен жиг на огревното дрво и дека  тракторот сообраќал  без регистарски таблици. 


Поради тоа, патролниот тим на граничната полиција со еден полициски службеник во тракторската кабина и полициско возило како придружба го упатил тракторот кон полициската станица во селото Франгово каде требало да се преземат понатамошни мерки. 

-Во близина на селото Заграчани, тракторот бил блокиран од патничко моторно возило марка „Волксфаген-голф“ без регистарски таблици од кое излегле две лица од селото Велешта. Тие упатиле вербални напади и закани кон полицискиот службеник по што едниот од нив го истуркал возачот на тракторот и со возење се упатил кон селото Шум. Во тоа бил спречен од полицискиот службеник кој го запрел тракторотизјави за Охриднет Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид. 

Портпаролот Димоски рече дека за кратко време на местото пристигнале повеќе други лица кои веднаш физички го нападнале полицискиот службеник додека дел од нив го спречиле вториот полициски службеник да преземе службени мерки за одвраќање на нападот. Групата го одзела тракторот и побегнале кон селото Шум. 
Полицискиот тим на граничната полиција приведе едно лице жител на селото Велешта а во тек се мерки за пронаоѓање на најмалку четири други лица од кои едно е  албански државјанин

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK