Сре05252022

Последна промена10:53:20 AM

SCREEN

Cpanel

   

Back Вие сте на: Home Вести Струга Села се заканува дека ќе ја руши порта Вевчани

Села се заканува дека ќе ја руши порта Вевчани

Сподели

Струшкиот градоначалник Зијадин Села бара да се вратат старите сообраќајни знаци, на  кои името  на општина Вевчани, покрај на македонски и англиски  беше испишано и на албански јазик.

 Села обвини дека  општина Вевчани се однесува расистички и се закани дека ќе ја сруши Порта вевчани доколку е изградена на земјиште на општина Струга.

 - Нема како друго сето ова да се дефинира, туку како расистичко однесување на општина Вевчани за која е незамисливо да се пишува на јазикот кој го зборуваат нивните сограѓани изјави Зиадин Села градоначалник на Општина Струга

 

- Јас како градоначалник на Струга од Министерството за локална самоуправа писмено побарав да ја добијам територијалната и катастралната граница меѓу општина Вевчани и општина Струга.Ако тој дел припаѓа под општина Струга тогаш Агенцијата за патишта треба да ги врати имињата и на албански јазик. Ако тој дел припаѓа во општина Струга каде е изградена и една капија јас ве уверувам дека ќе биде рушена и капијата бидејки е изградена нелегално и е изградена на територија на општина Струга. Очекувам во наредните денови да ги добијам потребните информации, вели Села.

 

 

 

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK