Полицијата откри дрога во стан во Струга
- Детали
- Објавено на Недела, 20 Октомври 2013 14:08
Вчера при претрес на полицијата во стан на улицата .„Кузман Питу“ во Струга , пронајдени биле две поголеми алуминиумски фолии со кафеава прашкаста непозната материја.
Покрај нив полицијата открила и три црни најлонски фолии помали парчиња, една најлонска фолија-вреќа, еден мобилен телефон „Самсунг“ и една електронска вага марка „CLA“ троник.
Предметите се одземени за понатамошно вештачење, а против Д.У. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.