Сре05252022

Последна промена10:53:20 AM

SCREEN

Cpanel

   

Back Вие сте на: Home Вести Струга Угриноски: Нема расизам во промената на патоказите, Вевчани е чиста македонска етничка општина

Угриноски: Нема расизам во промената на патоказите, Вевчани е чиста македонска етничка општина

Сподели

Барањето за отстранување на албанскиот јазик од сообраќајните знаци пред општина Вевчани не е ниту  национализам,  ниту расизам,  туку законско барање. И тоа согласно законот за употреба на јазиците,   бидејќи Вевчани е чиста македонска етничка општина, вели градоначалникот Цветомир Угриноски.

 

На заканите на струшкиот градоначалник дека ќе ја сруши триумфалната порта Вевчани доколку е изградена на територија на општина Струга, Угриноски возврати,  “според катастарската граница портата е изградена на територија на општина Вевчани”.

 

- Незнам кому му смета портата, таа е патоказ за туристите.  Мислам дека  изјавите на градоначалникот Села се избрзани или политички затоа што портата која е позади нас е длабоко на територија на Вевчани и претставува туристички патоказ, вели Цветомир Угриноски градоначалник на Вевчани.

- Катастарските граници на општина Вевчани се јасни. Таа се протега од триумфалната порта еден километар кон село Велешта, и повеќе од еден километар кон  селото Лабуништа, појаснува Угриноски.

 

- Јас барам информација од министерството за локална самоуправа да видам кои се границите помеѓу општина Струга и Вевчани.  Мислам дека  ако таа порта е во границите на општина Струга јас морам да ги спорведувам законите и да преземам активности,вели Зиадин Села градоначалник на Струга.

Села вели дека ќе го чека официјалниот одговор од министерството за локална самоуправа па потоа ќе бара враќање на старите сообраќајни знаци на кои имињата ќе бидат испишани и на албански јазик.

 

Вевчани и Струга сега ќе ги утврдуваат меѓусебните граници, поради недоразбирањата, кои настанаа после промената на  сообраќајните знаци пред општина Вевчани. Од сообраќајните патокази по барање на општина Вевчани избришан  е албанскиот јазик.

 

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK