Во Струга поставено државното знаме
- Детали
- Објавено на Вторник, 22 Октомври 2013 08:10
Во пресрет на државниот празник “Ден на Македонската Револуционерна Борба“ , “КАПРИКОРН 2010 “ Струга повторно ги повикува граѓаните на Општина Струга во што поголем број на своите прозорци и балкони да го истакнат македонското државно знаме .
- Ги повикуваме стружани да го истакнат македонското државно знаме за да покажеме дека сме горди на нашата татковина и дека ги почитуваме нашите претци и нивните дела !!Нека ни е честит 23ти Октомври ! За многу години МАКЕДОНЦИ !, стои во соопштението на претседателот на Каприкорн 2010 Струга Васко Јолески.
После 11 Октомври кога стружани по иницијатива на Каприкорн 2010 поставија илјадници знамиња во градот локалната власт во Струга денес во пресрет на празникот постави неколку знамиња низ центарот на градот, но покрај македонското псотавени се и албански знамиња.
На 23 октомври 1893 година во куќата на солунскиот книжар Иван Хаџи Николов во Солун се собрале шестмина млади мажи за да ги ставаат основите на тоа, коешто ќе стане симбол и знаме на борбите на Македонците за слобода. Основоположниците биле: Д-р Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Aрсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев. Тие основаат конспиративна група, нарекувајќи ја Македонски револуционерен комитет. Организацијата се борела за ослободување на Македонија со сопствени сили, без помош од надвор. Формирањето на ВМРО значело почеток на организираното македонско револуционерно движење кое преку Илинден 1903 и Крушевската република, преку НОВ резултира со создавање современа самостојна македонска држава.
Овој датум се поврзува со организираната борба на македонскиот народ и на националностите кои живееле на оваа територија, за формирање независна држава. Во политичка смисла, тогаш борбата за автономија значела формирање самостојна држава. Затоа 23 октомври симболизира континуитет на македонската борба за независност, што резултирал денеска да имаме сопствена, независна држава.