Сре05252022

Последна промена10:53:20 AM

SCREEN

Cpanel

   

Back Вие сте на: Home Вести Струга Вевчани доби коњички клуб

Вевчани доби коњички клуб

Сподели

Во општина Вевчани денес една од најатрактивните активности со кои мое да се нимираат љубителите на природата е јавањето на коњ. Отворен е првиот коњички клуб “Свети Спас”.

 

- Јавањето на коњ е предизвик, возбудлива авантура и искуство за паметење. Дружењето со овие племенити животни, грациозни и убави а истовремено силни и горди е вистинско уживање, велат сопствениците на клубот.

Туристите јавајќи  коњ  ги откриваат убавините на Вевчанскиот крај, прекрасната живописна природа на планината Јабланица чистиот воздух свежата вода и чудесните бои на планинската природа.

Коњичкиот клуб организира различни тури. Посета на Јанков Камен, манастирот Свети Спас на 1300 метри надморска височина, Вевчанското бачило( 1900 мтери андморска височина).

Во оваа авантура може да се вклучат луѓе со или без искуство на јавање коњ.

 

Општина Вевчани забрзано го развива спортскиот туризам. Со тениското игралиште, спортската сала, чија изградба е во тек, коњичкиот клуб и планинските патеки сигурно станува атрактивна дестинација за љубителите на спортот. 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK