Сре05252022

Последна промена10:53:20 AM

SCREEN

Cpanel

   

Back Вие сте на: Home Вести Струга Притвор за напаѓачот на полицајците кај Шум

Притвор за напаѓачот на полицајците кај Шум

Сподели

Полициската станица од Струга ги идентификува лицата кои неодамна нападнаа и спречија полициски службеници при вршење на службените дејствија при што беше повреден еден припадник на граничната полиција од Охрид.

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“, полициската станица од Струга против П.В.(35) од струшкото село Велешта  поднесе кривична пријава по што истражен судија му одреди мерка притвор во траење од 10 дена. Во пријавата поради спречување службено лице во вршење на службени дејствија опфатени се и лицата Е.Ќ.(42) А.Х.(44) Д.В.(33) сите од струшкото село Велешта како и А.Ч.(20) од Република Албанија за сторено казнено дело „Кражба“.

 

На 17-ти овој месец околу 17 часот, на патот во близина на струшкото село Шум сега притворениот П.В. физички нападнал униформиран полициски службеник удирајќи го со тупаница во пределот на градите и главата обидувајќи се да го отстрани од трактор со кој нелегално се превезувале шест кубни метри огревно буково дрво. За тоа време, останатите со тргање и влечење го спречиле вториот полициски службеник да преземе службени мерки за одвраќање на нападот.

 

-Претходно патролниот тим на граничната полиција поставена кај струшкото село Вишни при контрола констатирал дека во тракторот без соодветна документација се врши нелегален  транспорт на шест метри кубни буково дрво. Патролата констатирала дека немало прописно поставен жиг на огревното дрво и дека  тракторот сообраќал  без регистарски таблици, изјави за Охриднет Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид.

 

Поради тоа, вели портпаролот Димоски, патролниот тим на граничната полиција со еден полициски службеник во тракторската кабина и полициско возило како придружба го упатил тракторот кон полициската станица во селото Франгово каде требало да се преземат понатамошни мерки.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK