Сре05252022

Последна промена10:53:20 AM

SCREEN

Cpanel

   

Back Вие сте на: Home Вести Струга Сообраќајна незгода во Струга - тешко повредено 76-годишно лице

Сообраќајна незгода во Струга - тешко повредено 76-годишно лице

Сподели

Едно лице се здоби со тешки телесни повреди во сообраќајната незгода што денес во 07 часот и 20 минути се случи на улицата „Туристичка“ во Струга.

А.Л. (76) од Струга е тешко повреден во момент на непрописно движење и задржување на коловозот. Притоа дошло до удар од патничко моторно возило марка „Голф“ со струшки регистарски таблици управувано од А.Р.(37) од струшкото село Теферич кое по улицата имало неприлагодена брзина на движење. А.Л. со тешки телесни повреди и во бессознание веднаш е пренесен воболницата „Св.Еразмо“ каде е задржан на понатамошно лекување. На местото на тешката сообраќајна незгода, извршен е увид во присуство на истражен судија и јавен обвинител како и полициски екипи од полициската станица во Струга. Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај од Струга презема дополнителни мерки за целосно расветлување на овој настан.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK