Сре05252022

Последна промена10:53:20 AM

SCREEN

Cpanel

   

Back Вие сте на: Home Вести Струга Струга врие од кучиња скитници

Струга врие од кучиња скитници

Сподели

Струга  е преплавена со кучиња скитници. Граѓаните се жалат, велат не се чуствуваат безбедни, бидејќи се случува агресивните кучиња да ги напаѓаат.

 

Неодамна во дворот  на училиштето „Јосип Броз - Тито“ беше нападната една наставничка.

Струшкиот градоначалник вели дека е  запознаен со овој проблем ,  но во буџетот не биле издвоени средства за таа намена. Проблемот со кучињата ќе го решавал идната година.

- Тоа се прави со пари, мора да се гради  како дејност бара средства. Тие кучиња треба да се соберат, треба вработени,  да се најде начин како да се направи тоа. Па  да се кастрираат  а и треба да се хранат , а за сите тие работи треба да се предвидат средства,  вели градоначалникот Зијадин Села.

На кучињата скитници реагираа и од хотел Дрим. На нивната офцијална веб страница од месец март до денес стои:

- Кучињата-скитници повторно ги има секаде. Слободно се шетаат низ центарот и  пред прометните продавници. Нивниот број  е се  поголем и претставува црна дамка на  Струга и нејзината цел да биде атрактивно туристичко место,  стои на веб страната на хотел Дрим.

Проблемот со кучињата скитници во Струга  се провлекува со години. Пред пет години  куче скитник нападна 12 годишно девојче и му нанесе тешки повреди. Тогашните власти велеа дека кучињата скитници ги носат шинтерските служби од други градови.

 

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK