Сре05252022

Последна промена10:53:20 AM

SCREEN

Cpanel

   

Back Вие сте на: Home Вести Струга Македонските и албанските академици дискутираат за заштита на езерата

Македонските и албанските академици дискутираат за заштита на езерата

Сподели

„Системот на Преспанските езера - Охридското Езеро: Актуелната состојба - проблеми и перспектива“ е конференцијата која започна синоќа во организација на Македонската и Албанската академија на науки и уметности.

 

Како што истакна на отварањето, претседателот на МАНУ академик Владо Камбовски, оваа конференција која се организира врз основа на Протоколот за соработка потпишан од страна на двете академии во 2011 година,
треба да ги резимира досегашните истражувања кои се однесуваат на заштитата на еко-системот- Преспанско и Охридско Езеро.


- Конференцијата треба да даде и импулс за натамошни истражувања, но уште повеќе реализација на стратешките определби не само на заштитата на езерата, туку и во однос на развивањето на целиот регион како европски регион.
Очекувањата дека тоа би требало и може да се случи доаѓаат од таму што нашата земја е кандидат за членство во Европската унија, а Албанија наскоро ќе биде земја кандидат за членство. Двете држави можат да аплицираат во фондовите на ЕУ. Оттука очекуваме најмногу помош бидејќи за самата Европска унија зачувувањето и развојот на овој регион претставува исклучителна и ретка можност за унапредување, не само на животната средина, туку и на другите аспекти од животот, рече академик Камбовски.

Претседателот на Албанската академија на науките и уметностите, Музафер Коркути појасни дека взаемните договори претставуваат заеднички бенефит како за регионалниот, така и за одржливиот развој и оти соработката ќе продолжи и натаму.



- Доброто менаџирање и заштита ќе го претвори овој регион во еден елитен регион, не само на Балканот, туку и пошироко. Академиите секогаш ќе даваат поддршка на научната заедница и на сите други чинители кои соработуваат во насока на заштита на ова големо богатство, рече Коркути.

На крајот од оваа тридневна средба, ќе биде потпишана Декларација, по што ќе следат и интензивни состаноци на кои ќе бидат опфатени прашањата кои ќе бидат предмет на натамошната заедничка соработка помеѓу двете академии.
Овој собир на експерти ќе заврши во вторник со организирање тркалезна маса во албанскиот град Поградец.Извор МИА

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK