Сре05252022

Последна промена10:53:20 AM

SCREEN

Cpanel

   

Back Вие сте на: Home Вести Струга Учениците ќе се запознаат со работата на општина Струга

Учениците ќе се запознаат со работата на општина Струга

Сподели

Младите граѓани на Струга ќе научат како работи локална самоуправа. Групи на ученици ќе ја посетат општина Струга и ќе се сретнат  со вработените со што директно да се запознаат со нивната работа.

Во следната фаза, младите ќе присуствуваат на состаноците на Градскиот совет и ќе го следат процесот на донесување одлуки. Проектот се спроведува во соработка со Општина Струга.

Група ученици од економската и правната струка од СОУ „Нико Нестор“ овој четврток (31 октомври) ќе ги посетат различните сектори  во општината Струга со цел да се запознаат со нивната работа. Со ова, општината покажува отвореност  за соработка и транспарентност кон јавноста и граѓаните.  Ваквите посети ќе им овозможат на граѓаните да го разберат општинскиот систем, да видат како функционира градскиот совет и секторите во општината.

 

Тоа воедно е и целта на проектот „Струга – запознајте ја вашата општина“ кој досега ги реализираше следниве активности: формирање на две групи составени од млади од сите етнички групи, кои се припадници на политички партии или се студенти заинтересирани за да се запознаат со процесто на донесување одлуки во општината. Избраните учесници поминаа циклус обуки во кои се запознаа со функционирањето на општинската администрација. Понатаму истите присуствуваа на сединиците на Градскиот совет и помогнаа во создавањето на три видеа со кои се промовира работата на општината.

Најавената посета во четврток е завршната активност од проектот кој е поддржан од Амбасадата на САД а имплементиран од Локалната агенција за развој од Струга во соработка со Општина Струга и средните училишта во општината.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK