Сре11222017

Последна промена12:04:19 AM

Back Вие сте на: Home Вести Струга Стружанец со пепелник ја тепал својата сопруга

Стружанец со пепелник ја тепал својата сопруга

Сподели

Повозрасен стружанец, ја нападнал својата сопруга и со стаклен пепелник ја тепал.

Нов случај на семејно насилство во Струга и уште една жена жртва на семејно малтретирање.Насилникот со стаклен пепелник ја претепал сопругата, ја мавал по глава и по другите делови од телото. Повредената жена побарала лекарска помош во болницата во Струга. Разгневениот маж, добил кривична пријава.
Според соопштението од Канцеларијата за односи со јавноста во СВР Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „телесна повреда при вршење семејно насилство“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против А.П.(67) од Струга.

-Пријавениот, казненото дело го сторил на 12-ти минатиот месец во семејниот дом во Струга каде предизвикал жестока расправија со неговата сопруга. Во момент на нагасена агресивност, сега пријавениот физички ја нападнал сопругата, удирајќи ја со стаклен пепелник по главата и по другите делови од телото, пришто и нанесол телесни повреди, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. Повредената жена, набрзо побарала лекарска помош во Општата болница во Струга.

 

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK