Сре11222017

Последна промена12:04:19 AM

Back Вие сте на: Home Вести Струга Канал 5 репортажа: Крадците ги опустошија црквите во струшко

Канал 5 репортажа: Крадците ги опустошија црквите во струшко

Сподели

Ниту високо издигнатите крстови, ни светите икони, ни непристапните планински терени не ги спречуваат крадците да ги пустошат црквите во струшкиот регион.

Во изминативе седум години седудесеттина тешки кражби само во струшко , и уште толку во дебарско и охридско, ограбени се повеќе од 600 вредни икони на најголемиот уметник Дичо Зограф. Најчесто на мета на крадците се незаштитените цркви во јабланичките села на границата со соседна Албанија, Долни Дримкол и Малесија.
Педесеттината цркви на западната граница издигнати од старите ктитори пред повеќе векови , денес речиси не остана ниедна поштедена од арамиите.

-„Ова е црквата Свети Илија во селото Раожда на сама граница со Албанија. Токму овде е последниот плен на крадците кои по втор пат ја ограбија црквата и украдија вредни резби и икони“, Соња Рилковска новинар.
Вредните древни икони и црковни артефакти, резби, плаштеници, двери се дел од богатиот плен на крадците, за кој денес е посиромашна дебарско кичевската епархија.

-„За жал ограбена е сите вредни икони стари три четири века вистина е катастрофа. Треба да се прееземат некакви мерки на обезбедување“, вели Крсте Кутаноски жител на Радожда. 

Ова е втор грабеж во црквата Свети Илија, а два пати беше ограбена и соборната црква Свети Никола во центарот на село Радожда. Црковните одбори се сомневаат дека криминалните структури иконите ги транспортираат во Албанија.

- „Најдени се пафти делови на патот кон Албанија луѓе кои одеа таму по костен по орев ни ги донесоа пафтите што беа од оваа црква беа тие вистинските најдени на тие патишта“ , вели питроп на црквата во Радожда.
Ограбена беше и црквата во Мали Влај, село издигнато високо на Јабланица пред граничниот премин Ќафасан. Крадците однесоа вредни икони, но во потрага по пари и стари носии ограбија и неколку селски куќи.

-„ И овде беше ограбена црквата. Дојдоа снимаа од крим техника. Дома беше се испревртено и што ако снимаа никој не најдоа.0107 Мислите дека крадците бараа пари? Пари и оние порано што ги носевме на нас пари, нижани на гердани на носиите“, вели жителка на мали Влај.
Полицијата има фатено неколку крадци, кои оперирале во црквите, меѓу нив и албански државјани, но иконите не се пронајдени.

-„ Еден албански државјанин е фатен и против него е поднесена кривична пријава пошто извршил неколку кражби во струшкото село Радожда. Тој илегално ја преминувал македонско албанската граница ги вршел кражбите а потоа се враќал по истата илегална патека назад“, вели Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид.

Албанската полиција во стан во Тирана откри повеќе вредни икони, меѓу нив седум украдени од цркви во струшко дебарскиот регион.
Црковните одбори немаат пари да ги заштитат црквите, видеo надзор и аларми се голема инвестиција. Крадците изминативе седум години однесоа голем дел од древното непроценливо црковно богатство. Од најпознатата зоографска тајфа во земјава останаа уште 500 вредни икони во регионот , кои денес се чуваат строга тајност поделени во три депоа под посебен надзор.

 

Новинар Соња Рилковска

Канал 5 ТВ 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK