Сре11222017

Последна промена12:04:19 AM

Back Вие сте на: Home Вести Струга Струга ја одбележува 200 годишнината од раѓањето на Наум Миладинов

Струга ја одбележува 200 годишнината од раѓањето на Наум Миладинов

Сподели

Струга утре ќе ја одбележи 200 годишнината од раѓањето на Наум Миладинов.

По повод 200 годишнината од раѓањето на Наум Миладинов, утре во Струга ќе се одржи свечена академија. За  живот и музичкото творештво на Наум Миладинов- брат на Димитар и Константин Миладинови ќе говорат проф.Петар Аврамоски и доц. д-р Димитри Кумбароски. На Академијата, проф. д-р отец Стефан Санџакоски ќе зборува на тема „Наум Миладинов – маркантен и светлозарен претставник на православаната филозофија на животот според Богочовекот Христос“. Во културно уметничкиот дел од Академијата, ќе настапат правнукот Христијан Миладинов и хорот на Калистрат Зографски.Свечена академија по повод 200 годишнината од раѓањето на Наум Миладинов ќе се одржи во сабота, 11-ти ноември во големата сала на  Домот на културата „Браќа Миладиновци“ во Струга.

Наум Миладинов е роден е во Струга во семејството на грнчарот Ристе Миладинов и неговата сопруга Султана Миладинова. Основно училиште завршил во Струга.Наумовите афинитети и дарба кон музиката ги забележале и неговите професори, па со нивна препорака заминал за Цариград. Во времето од 1841 до 1844 година студирал на Духовната академија на патријаршискиот универзитет "Халки" во Цариград, каде и дипломирал на отсекот музика и граматика.Во 1843 година тој го напишал и првиот учебник по музика кај нас, а подготвил и една грчка граматика. По враќањето во татковината Наум се вклучил во преродбенските активности на неговите браќа. Неговата собирачка дејност, е карактеристична по тоа што народните песни тој ги нотирал односно ги запишувал со нотни записи, па така станал прв македонски мелограф. Така со неговата дејност Наум Младинов ги поставува темелите на македонската музикологија.Пред крајот на животот Наум ја напишал и неговата "Автобиографија". Делови од неа се објавени по неговата смрт. Но, нејзиниот целосен оригинален ракопис, за жал, сѐ уште не е достапен за нашата научна јавност.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK