Сре11222017

Последна промена12:04:19 AM

Back Вие сте на: Home Вести Струга ФОТО: Одбележани 200 год од раѓањето на Наум Миладинов

ФОТО: Одбележани 200 год од раѓањето на Наум Миладинов

Сподели

 

На 11 ноември 2017 година во големата сала на Домот на културата „Браќа Миладуновци“ во Струга,пред голем број стружани и други гости почитувачи на делата на Миладиновци се одржа свечена академија по повод 200 годишнината од раѓањето на Наум Миладинов (1817 – 2017 година.


За животниот пат и музичкото творештво на Наум,братот на Димитар и Константин Миладинови говереа историчарот проф.Петар Аврамоски и доцент д-р Димитар Кумбароски.

Професор д-р отец Стефан Санџакоски кој одржа беседа на тема „Наум Миладинов – маркантен и светлозарен претставник на православната философија на животот според Богочовекот Христос“.


„Благопријатно е кога ќе ти се укаже чест да зборуваш за една благородна личност каква што е личноста на Наум Миладин.Зашто тој е личност кој со своето дело ги заслужила почестите,не само од својот род и од својот роден град Струга,туку и од татковината и од својот народ.Кога ќе се земат предвид сите вредности на оваа личност произлегува дека нашиот род и татковината имаат свет долг да го слават и чествуваат.“Истакна Проф.Петар Аврамоски.


автор СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK